Секс тренд

Луѓето, порано имаа повеќе сексуални односи отколку денес.

Одамна на сите ни е јасно дека сексот продава се, дека е секс револуција. Сигурно помислувате дека денес луѓето имаат почесто секс од порано. Но, се чини дека сепак не е така.

секс

Неодамна, британските истражувања покажаа дека денес имаме повеќе сексуални партнери, но имаме помалку секс. Денес жените имаат 7.7 сексуални партнери во просек, а во 1991 година, просекот изнесуваше 3,7. Мажите денес имаат просек од 11,7 партнери наспроти 8,6 партнери во 1991 година.

Но, бројките во врска со тоа колку често имате сексуални односи, одат во корист на 1991 година.  Во тоа време, жените имале во просек шест сексуални односи во месец дена, а денес бројката падна под 5.

секс

Каде е проблемот ни открија истражувачите. Најмногу за оваа причина, виновникот го гледаат во начинот на живот денес. Темпото на живот е многу побрз, имаме многу обврски во текот на денот од пред 25 години. Повеќе сме уморни и под стрес, а со тоа се намалува и желбата за секс. Либерализацијата на сексот само допринесе,  да полесно имате сексуален однос со личност која прв пат ја гледате, така порасна бројот на сексуални партнери.

секс

Жените во врска со сексот најмногу се жалат, на тоа што имале секс со партнер кој не им е толку привлечен. А мажите, најмногу жалат што не спиеле со повеќе жени кога биле слободни и млади.

Сподели го ова преку:
  • 26
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!