Поважни работи за жените од големината на вашиот пенис

Неколку работи кои навистина се поважни за жените во вашиот живот од големината на вашиот пенис. Големо истражување спроведено во Канада, во кое учествувале 25 илјади мажи, покажало дека повеќе од педесет проценти од мажите не биле задоволни со големината на својот пенис.


Навистина? Па и во случај да сте далеку под просекот и да очајувате поради нешто за кое немате никакво влијание е навистина глупост. Но, додека повеќе од 50% припадници на машкиот пол имаат желба да имаат поголем „алат“ помеѓу нозете, голем дел од жените испитани во истото истражување, тврдат дека се задоволни со големината на пенисот на својот партнер. Некои работи на жените им се многу поважни отколку големината на пенисот, па и во случај да припаѓате помеѓу оние кои се загрижени за својот „алат“, време е овие неколку работи да ги претворите во своја предност.

Поважни работи за жените од големината на вашиот пенис

Чистота
Верувале или не, истражувањето на брендот „Mecca“ покажало дека штотуку испрана постела, облека, долен веш и свежо туширан маж, се најважните работи кои може да имаат големо влијание врз жените за време на сексот. Чудно, но, чистата постелнина е наведена како втора најважна работа која најмногу ги „пали“ жените и тоа веднаш под ставката губење телесна тежина, нормално кажуваат за својата. Звучи многу чудно, но ништо не ве чини да пробате, а секако најважната работа пред тоа е да ги доведете до вашата соба.

Телесна градба
Време е освен редовното вежбање со кригла пиво, да одите во фитнес клуб и да се испотите малку кревајќи некој тег, затоа што ако му се верува на истражувањето спроведено во Отава, главниот град на Канада, од страна на „Human Sexuality Research Laboratory“, големината на пенисот е важна, но ни малку приближно важна работа како вашата телесна градба. Додека големината на машкиот „алат“ како ставка освоила 6% поени за привлечност, телесната градба во исто време освоила дури 80% поени, по што е многу лесно да се заклучи дека треба да заборавите на вашите комплекси, да се зачлените во некој фитнес клуб и да поработите на вашата мускулна маса.

Помош во домот
Познатиот магазин „Men’s Health“ спроведе истражување на 700 жени, во кое, тимот дојде до заклучок дека во текот на стресните денови, жените најмногу ги „пали“ доколку им го олесните денот, со што ќе им помогнете со домашните обврски. Секако, поголемиот дел од жените тоа го напишале од причина бараат некаква задача од својот маж, но навистина сексот бил поефективен.

Издржливост
Секако, да имате голем пенис е одлично, но ако не знаете да го користите, тогаш не ви вреди ништо. Залудно ви е потребен „питон“ помеѓу нозете, ако експлодирате во гаќите уште од првиот нежен допир или сексот трае помалку од 2 минути. Додека ејакулацијата е во прерана фаза, тогаш проблемот кај мажите е уште поголем. Жените обожуваат мажи кои можат да го издржат петингот и да ја задоволуваат за време на „борбата“ под постелата. Исто така, тука се работи и за уште еден факт, а тоа е дали по сексот, ќе ве памти како „спринтер“ или како „маратонец“.

Орална техника
Освен тоа што ќе се „спуштите доле“ и ќе ја направите среќна вашата партнерка, истражувањето покажало дека, жените кои се орално доведени до лудило преку орален секс, помалку ги изневеруваат своите партнери. Имено, истото истражување спроведено во Отава – Канада, на 19 илјади жени, дошло до податок дека дури повеќе од 90% од жените доживеале оргазам кога биле задоволени од своите партнери преку орален секс, а само 23% од жените редовно доживуваат оргазам по пат на нормален сексуален однос.

Сепак заклучивме дека, немате потреба од очајување поради големината на вашиот пенис, посветете внимание на себе и на вашата орална техника, направете ја среќна вашата жена, а таа секако ќе ви биде многу благодарна.

Сподели го ова преку:
  • 25
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!