Овие кондоми се отвараат само со четири раце

Аргентинската компанија за производство на сексуални помагала и кондоми „Тулипан“ дизајнираше кондоми за чие отворање се потребни четири раце.

Кондомот тие го нарекуваат „Кондом со Согласност“, бидејќи целта на овој кондом е да ја истакне важноста на консензуалниот однос, односно, согласност на двете лица за сексуален однос.

Кондомот е сместен во картонско паковање, односно, амбалажа каде има четири копчиња кои мора да се притиснат во исто време, така што, со два пара раце се притискаат копчињата одеднаш за да се овозможи отворање на пакетот и да се извади кондомот.

„Ако не е ДА, тогаш тоа е НЕ“, се истакнува слоганот на пакувањето на овој кондом кој ќе се најде на пазарот кон крајот на оваа година.

Сподели го ова преку:
  • 16
  • 1
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!