Кондом за орален секс

Овој кондом е за орален секс, можете и сами да го направите од обичен кондом.

орален кондом

Оралниот кондом е многу тенка мека пластика (латекс или полиуретан) со големина од околу 15 cm x 15 cm кој се става на вагината или анусот. Често го користат лезбејките, иако здравствените работници велат дека треба да ги користат сите оние кои практикуваат орален секс, особено со партнери кои не ги знаат добро.

Зошто е добро да го користи?

1.  Заштитува од сексуално преносливи болести при орален секс. Инфекциите што најчесто се шират преку овој пат се: гонореја, генитален херпес и сифилис. Постои помал ризик од хламидија, хепатитис А, Б и Ц, генитални брадавици и ХИВ инфекција. Исто така, е можно да се пренесат вошки.

2. Лубрикантот може да ви послужи за поголемо задоволство. Тие најчесто се на база на вода или силикон. А чувството на задоволство доаѓа преку мирисот и вкусот.

3. Оралните кондоми доаѓаат во различни вкусови како ванила, пеперминт .. А исто така ве штитат од влакненца кои можат да завршат во вашата уста.

орален кондом

Како се користат?

Прво, проверете дали пакувањето е оштетено, и ако е во ред, отворете го пакувањето и извадете го кондомот. Оралните кондоми не изгледаат како класичните, но повеќе изгледаат како парче силиконска ткаенина што ја покрива вагината (или анусот, во зависност од тоа што планирате да правите).

орален кондом

На што треба да внимавате?

Никогаш, ама никогаш не го превртувајте оралниот кондом од другата страна откако ќе го употребувате. Страната што беше на вагината, ако дојде до допир со вашата уста пак може да ве инфицира од несакани болести. Исто така, оралните кондоми се користат еднаш и се фрлаат. Не ги користете пример еднаш на вигината па на анусот.

Погледенете го видеото како од обичен кондом да направите орален:

Сподели го ова преку:
  • 9
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk