Како до заеднички оргазам

Сексот помеѓу две особи може да биде спектакуларен без оглед на тоа кој прв ќе стигне до целта, но уште подобро е кога до врвот ќе успеете заедно, стои во новата статија објавена во списанието „The Journal of Sexual Medicine“. Според најновата студија, истовремениот оргазам игра голема улога во љубовната врска, ги зближува партнерите, ги разгорува страстите и придонесува да имате подобри сексуални односи и посреќен живот.

„Во тој случај се бришат индивидуалните граници и се создава вистинска поврзаност“, објасни авторот на оваа статија Стјуарт Броди. Бидејки е полесно да се каже отколку да се направи, „Women’s Health“ пишува дека ќе бидете посреќни ако взаемно се обидувате да го достигнете врвот.

Припрема

Според истражувањето во еден универзитет во Тексас, подобар оргазам ќе доживеете ако пред тоа размислувате на партнерот. „Очекувањето игра огромна улога во доживувањето на вистинскиот оргазам. Ако пред тоа помислите на ситни нешта кои ве возбудуваат, како на пример песна или некое сеќавање, а потоа се препуштите на односот, оргазмот ќе биде многу подобар“, изјави експертот Тјерни Лоренз.

Авторот на книгата „The Multi Orgasmic Couple“, Рејчел Ебрамс, препорачува да флертувате со партнерот пред самиот сексуален однос и во текот на денот да размислувате на нештата кои ве возбудуваат.

На жените им е потребно повеќе време и предигра

„Оргазмот кај жените започнува во нејзините мисли заедно со чувствата и желбите. Заедно ги пренесуваат сигналите до хормоните кои го појачуваат протокот на крвта во вагината. Тоа значи дека ќе бидете поосетливи и подготвени за однос“, објаснува Рејчел Ебрамс. Таа предупреди да не дозволувате нешто да ви попречува кога ќе почнете со односот. Игнорирајте го мобилниот телефон, телевизорот и се она што би можело да ви пречи… обезбедете си доволно време за себе и за вашиот партнер.

Патот до врвот

Повеќето мажи до врвот може да дојдат за само неколку минути. Терапевтот Дајана Хоп објаснува дека сето тоа може да го гледате како мажите да имаат еден прекинувач, додека жените пак имаат нешто посложена контролна плоча. Затоа, на жените им треба повеќе време за петинг (предигра) и време да би можеле да дојдат во состојба на предоргазам. Да би се синхронизирале, на жените им се потребни допири и игра, а за тоа време мажот би требало да остане опуштен. Така создавате можност да станете подеднакво возбудени во исто време.

„Стимулација на клиорисот, допирите и умилкувањето се припрема за постигнување на врвниот момент. Што повеќе сте возбудени, тоа подобро ќе реагирате на допирите на партнерот“, објаснува Еми Купер, авторката на книгата „The All-You-Need Guide to the Most Satisfying Sex You’ll Ever Have“. Таа исто така додава дека жената треба слободно да го води партнерот со своето тело и да му покаже што таа најмногу посакува.

„Додека партнерката не дојде до моментот кога ќе доживее оргазам, партнерот може да проба подлабоко да дише или да го забави ритамот“, советува Еми Купер. Кога ќе бидете подготвени, само треба да си го кажете тоа еден на друг и да се предадете на уживањето.

Сподели го ова преку:
  • 12
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!