Како да ја задоволиш до крај

Жените се понекогаш посрамежливи од мажите кога е сексот во прашање, така што тешко им е да ги искажат своите желби. Исто така, ако таа не е заинтересирана, тешко е да ја задоволиш до крај.

Најпожелно е да ги прочитате нивните мисли, како што на пример го прави тоа Mel Gibson во филмот „What Women Want“ реализиран во 2000-та година, но тоа секако дека не е можно, еве неколку тајни кои би ве направиле голем мајстор.

Долгиот, сочен француски бакнеж е многу интимен, но и многу возбудува. Ако својата „драга“ сакате да ја повикате на жешка игра, бакнете ја полека и моќно, но не заборавајте на француските бакнежи додека трае сексот. Сексот без бакнеж за жената не е исполнет.

Рутински секс е досаден за жените

Ако ништо не менувате во петингот (предиграта) и сексот значи дека секогаш имате исто сценарио, а жената ќе го изгуби интересот за однос со вас. Причина во тоа е што жените неможе да ги возбуди ништо ако знаат дека повторно ги чека истиот, досаден секс како и секогаш. Потрудете се секако сексот да биде поразличен од минатиот пат и повозбудлив. Ним ќе им биде секогаш поубаво, исто и вам, секогаш повеќе ќе ве посакуваат во креветот, знаејќи дека имаат пред себе нешто непознато, односно нова авантура со вас. И запамтете, на некој начин секоја жена е авантурист и до сака адреналинот.

Сите чувства водат кон сексот

Како што се вели „Happy wife, happy life“, што во превод значи „Среќна жена, среќен живот“, односно брак, а ова правило може да се примени и во врска. Колку и да не им се допаѓа на повеќемина мажи, разговорите во врска се важни, затоа што жената тогаш чувствува емоции и блискост, така што ја будат желбата за секс.

Важен е оргазмот

Жена не доживува оргазам секој пат кога се секса, но многумина од нив би сакале што почесто да го доживуваат тоа. Тоа што мажите не знаат или забораваат, е дека жените во само 30% од случаите доживуваат оргазам при пенетрација. Поиграјте си со клиторисот, користете го јазикот, прстите, вибратор или комбинирајте и добивате рецепт за целосно задоволство.

Лутина и замерување го убиваат либидото

Доколку имате нерешени проблеми, потрудете се да разговарате додека сè не излезе на виделина, односно пред периодот кога посакувате обајцата да имате секс. Проблемите под постела долгорочно нема ништо да придонесат ни за вас ни за неа, тоа никако не го заборавајте, затоа што никој не сака во тие моменти да мисли на друго. Кога посакувате да имате секс, наместо да бидете со „разлигавено маче“, потрудете се да легнете во кревет со “разлутена кобра”.

Кога сте премногу блиску до неа?

Хм, на мажите ова сигурно им се чини чудно, но жените не сакаат кога сте премногу блиску до нивните интимни делови, посебно во оралниот секс. Жените всушност се грижат дали на мажот ќе им пречи мирисот или вкусот, па во таа прилика можете да и кажете колку сакате да и пружите такво задоволство.

Вашиот поглед на нејзиното тело

Збирот на наслаги од целулит или заоблен стомак се болна точка скоро на секоја жена. Опуштете ја, може тоа да го направите со неколку нежни реченици во кои ќе нагласите што вам ви се допаѓа на неа. Колку повеќе се чувствува посакана и прифатена, толку повеќе ќе ужива во интимноста и ќе посакува и вам да ви биде убаво како и на неа.

Чувство на вредност

Жените во врска сакаат да се подадат и сè ќе направат за таа особа што ја сакаат. Нормално секогаш има едно „Но“ – за возврат сакаат да знаат дека ги цените. Обично се мисли дека жените се сексаат за да би добиле љубов, а мажите љубовта ја користат во замена за сексот. Треба да знае дека ја сакате, посакувате и цените, но не лажете, така жешката ноќ ќе ви биде загарантирана.

Нежни допири

Како во романтични филмови (кои немаат многу значење за вас), жената сака нежни допири. Причина за тоа е што жените имаат тенка и осетлива кожа која има дупло повеќе нервни завршетоци отколку кожата на мажот. Додека ја галите, бидете нежни, затоа што, додека е сензитивна и ги прати сите ваши потези, вашите цврсти раце несакано можат да и нанесат болка.

Од оргазам до оргазам

Секој следен оргазам во еден однос на жената и претставува поголемо задоволство од претходниот, за да има поголемо влијание, по секој оргазам направете кратка пауза и повторно тргнете во акција.

Сподели го ова преку:
  • 17
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!