Грешки кои ги правите при користење на кондом

Кондомите штитат од сексуално преносливи болести и од несакана бременост, но и никогаш не се стопроцентно сигурни. Најголема причина, за несигурни кондоми, е тоа што многу често не се користат правилно. Ова се дел од грешките кои ги правите:

Љубовен пар - Кондом

Ако го чувате кондом во паричник или задниот џеб:
Презервативите се растегнуваат но не се и семоќни. Многу мажи, секогаш чуваат по еден кондом за секој случај, во паричник или задниот џеб од панталоните. Но триењето на кондомите, ја покачува температурата со стискање или седење врз кондомите, се намалува нивната заштита.

Не оставате доволно простор на врвот од кондомот:
Ако не оставите слободен простор од 2 до 3 сантиметри, на врвот од кондомот, ризикувате да пукне презервативот. Со тоа кондом ја губи својата функција.

Употребувате кондом со погрешна големина:
Повеќето мажи имаат стандардна големина на пенисот, па нив им одговараат стандардните кондоми. Но постојат мажи кои имаат многу мали или поголеми пениси. Затоа треба, да користите наменски кондоми, според величината на пенисот, за да не дојде до пукање на кондомот.

Прекасно навлегување на кондомот:
Некои парови при сексуалните активности, кондом го користат откако мажот ќе добие ерекција, што е погрешен начин на користење на презервативот. Не само што на овој начин не се штитите од несакана бременост, истотака не се штитите и од сексуално преносливи болести.

И кондомите имаат рок на траење:
Презервативите не се препорачува да се користат, откако ќе им помине рокот кој е запишан на амбалажата. Затоа редовно проверувајте, но имајте на ум дека сите презервативи, немаат ист рок на траење. Тоа зависи од самата марка, но и од тоа за каков тип производ станува збор. Кондомите со лубрикант или тие со ефект на ладење, имаат помал рок на траење од обичните кондоми.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!