Топ 5 дестинации за љубителите на вино

Ако сте љубител на вино ние ви ги нудиме овие топ пет дестинации каде што можете да уживате.

1. Beaune, Франција
„Beaune“, пред многу години бил на дното на тропско море и тоа е тајната, да на оваа земја се произведуваат најубавите вина со преубава арома. За да ги пробате најубавите вкусови од ова подрачје, најубаво е да го посетите, на третиот викенд од ноември. Тогаш се одржува фестивал на виното и се дегустираат сите вкусови.

Beaune, Burgandy, France

Каде да престојувате:
Во центарот на „Beaune“, изнајмете апартман во „Barbary Lane House Rental“, оваа преубава куќа нуди да уживате покрај камин и поглед на имотот кој датира од 17 век. Вистинското освежување од градската гужва.

Barbary Lane House Rental

2.Stellenbosch, Јужна Африка
Со оглед на тоа што има над 150 простории каде што се прави виното, сигурно тука воопшто нема да ви биде досадно. Ова место добива високи оценки од посетителите на овој град, за виното, храната, природата и настани кои се случуваат како вински фестивали и слично.

Stellenbosch

Каде да престојувате:
Помеѓу лозјата на ова градче, под падините на планината „Helderberg“, се наоѓа „Eikendal Lodge“. Во него имате преубави градини и базен. Ручекот се служи во винската визба каде се наоѓа ресторан, односно 15 мин пешачење од апартманот.

Eikendal Lodge

3.Rüdesheim am Rhein, Германија
Живописот град „Rüdesheim am Rhein“ е сместен во долината на реката Рајна и е една од најпознатите дестинации за љубителите на вино. Во градот се наоѓа најпознатиот музеј на виното „Rheingau Wine“ во кое можете да погледнете колекција на предметите од античко време па се до денес.

Rüdesheim am Rhein - Германија

Каде да престојувате:
Опкружен со убави улици во стариот дел на градот се наоѓа „Breuer’s Rüdesheimer Schloss“, кој се наоѓа во зградата која датира од 18 век. Во традиционалната понуда на хотелот имате широк спектар на вина од сопствената колекција кои може да ги купите и вкусите.

Breuer’s Rüdesheimer Schloss

4. Mendoza, Аргентина
Иако сортата на вино „Malbec“, потекнува од Франција, одлично успева и во „Mendoza“ бидејќи и одговара климата. Ова вино е познато по својот овошен вкус, а грозјето во ова подрачје го пече сонцето 300 дена во годината.

Mendoza - Аргентина

Каде да престојувате:
„Bed And Breakfast Plaza Italia“ е мала куќа во која гостите се чуствуваат како дома, се наоѓа на 300 метри од улицата „Rivadavia Street“ во близина на плоштадот „Independant“. Оваа дестинација е позната по големиот рејтин од страна на корисниците на „Booking.com“ тие ја оцениле како дестинација со најубави вина, прекрасна природа и гурманска храна. На имотот имате и тури низ лозјата со грозје.

Bed And Breakfast Plaza Italia

5. Napa Valley, САД
Овој град на виното се наоѓа околу преубави ридови и е горд производител на првокласно вино. Убаво е да залутате низ лозјата и да ги запознаете луѓето кои го произведуваат виното и да уживате во одморот. Ова место е идеално и во зима, каде што можете да уживате во секоја капка од виното, далеку од градската гужва.

Napa Valley - Река

Каде да престојувате:
„Milliken Creek Inn“ е луксузен хотел само за возрасни и се наоѓа на само 15 минути возење од винаријата „Francis Ford Coppole“. На рецесија ќе ве пречекаат со вино и сирење за добредојде. Совршено!

Milliken Creek Inn

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!