Островот на Еднорогот

Добродојдовте во островот на еднорогот.

Еднорогот и самовилите од бајките се хит денес. Можете да ги сретнете постојано на социјалните мрежи. Забави со тематика на еднорог, торти, па дури се хит и во модната индустрија. Но што мислите за остров на еднорог кој е сместен на Филипините?

еднорог

Филипините самите по себе претставуваат рајска дестинација, нудејќи совршена комбинација на недопрена природа и модернизација на дваесет и првиот век,па затоа ова место секојдневно има голем број на туристи од целиот свет. Но, во центарот на вниманието тука сега е островот на еднорог, кој е атракција од самото отварање.

Островот е рај за деца има многу реквизити на вода, како топогани и се разбира гигантски еднорози. Целиот остров е во различни бои, ви буди имагинација, додека ги гледате сликите сигурно ќе уживате и ќе посакувате да сте таму.

еднорог

Со површина од неверојатни 4.100 квадратни метри, ова е најголем воден парк кој се наоѓа во Азија.

Кога ќе стигнете до овој неверојатен остров, за кој нема да можете да му верувате, ќе ве пречека сцената од вашите најлудни соништа. Овде ќе можете да уживате во огромни лулашки, кули, водни реквизити, качување по карпи и многу други лудории.

еднорог

Се разбира оваа дестинација веднаш доби многу следбеници на социјалните мрежи на Инстаграм има 150.000  следбеници.

Цените на билетите се околу 10 евра и секој кој сака, добра забава мора да го посети ова место.

еднорог

еднорог

еднорог

еднорог

еднорог

еднорог

Сподели го ова преку:
  • 6
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk