Најубави места, кои треба да ги посетите во есен

Преполна со бои, есента знае да биде одличен период од годината после топлото лето. Има места во светот кои се преубави во есен и вреди бар еднаш да ги посетите во оваа доба. Спектакуларни планински предели до урбани градски средини, се дел од нашиот избор.

кјото јапонија

Кјото, Јапонија
Кјото, е најубав во есен, да уживате во глетката и да ги гледате листови како менуваат бои.
Во есен тука листови на дрвјата ја менуваат бојата, така што крошните на јаворот се црвени, а долу на земјата имате виножито од црвени и жолти листови.

бледско езеро

Бледско Езеро, Словенија
Во текот на есента Бледско Езеро, потполно го менува својот изглед. Сликовитиот остров во средината на езерото, прави да пред вас имате разгледница, а густата околна шума сјае со зелени, жолти и портокалови тонови. Патниците можат да имаат убави прошетки околу езерото или да позајмат велосипед и да ги истражуваат околните живописни ридови.

езеро плацид

Езерото Плацид, САД
Езерото Плацид, нуди совршено опкружување за уживање на есенските бои околу него. Уживајте во топло кафе, додека го гледате црвениот и црниот одсјај на мирната површина на езерото.

канада

Монт-Тремблант, Канада
Бројните патници кои ја посетуваат Канада, секогаш избор им е и Монт-Тремблант, планина во која може да уживаат во разнобојните есенски листови. Панорамските возења со гондола ќе ве однесат до највисокиот врв на планината Лорентите, од каде можете да уживате во прекрасниот поглед на жолтите, портокаловите и црвените пејзажи. Можете исто така да уживате во возбудливо возење велосипед или јавање коњ во природа.

германија

Кидрих, Хесе, Германија
Кидрих, град каде што имате живописни ридови, лозови полиња како виножито и идеално место за сите љубители на виното. Не постои подобро место на светот за пост-депресија која ја имавме летото, тука есента е преубава, имате свеж воздух и блага клима.

британија

Езеро Дистрикт, Велика Британија
На прекрасното езеро во северозападна Британија, Дистрикт доминира симфонија на убави есенски бои. Овој национален парк е популарен поради своите езера, шуми и планини и е совршен за уживање во убавите и шарени есенски листови.

фусен германија

Фусен, Германија
Оваа прекрасна шума е покриена со есенски бои и нуди драматичен контраст со мирен пејзаж околу романтичниот замок Хоеншвангау. Есента е одлично време за посета на замоците Нојшванштајн и Хоеншвангау, благодарение на благата температура и прекрасниот пејсаж тука се чуствувате како да сте во бајка.

токиоТокио
Ако некогаш сакате да го посетите Токио тогаш најубаво е да биде тоа во есен. Овој град тогаш е најраздвижен и најубав. Уживајте во убавите бои и незаборавните прошетки во бројните градски паркови и ботанички градини.

Сподели го ова преку:
  • 54
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!