Најголемиот базен во светот

Ако некогаш патот ве води до Чиле, тогаш дефинитивно треба да го посетите најголемиот базен во светот.

Овој базен го нарекуваат „Кристална Лагуна“ и се наоѓа во ресортот „Сан Алфонсо Дел Мар“. Базенот е подолг дури од девет фудбалски игралишта, а во некои делови е длабок и до 35 метри.

До сега, рекордот за најголем базен го држеше, базенот „Орлиб“ во Казабланка, Мароко. Креаторите на базенот во Чиле тврдат дека, нивниот базен е шест пати поголем од тој во Мароко. Водата во базенот се прелива од Тихиот океан, но претходно адекватно се филтрира.

За жал, овој базен е достапен само за гостите во ресортот „Сан Алфонсо Дел Мар“. Додека се одлучите да одите во Чиле, погледнете го ова фантастично видео, кое е рај за очи.

Сподели го ова преку:
  • 17
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk