Најголемата зграда во Европа која мора да ја посетите

Најголемата зграда во Европа која мора да ја посетите е Букурешкиот Парламент.

најголема зграда

Букурешкиот Парламент, е најголема зграда во Европа, додека втора во светот, најголема во светот е  Пентагон. Иако е зграда на Романскиот парламент, оваа зграда е една од најубавите згради која вреди да ја посетите.

По катастрофалниот земјотрес во Букурешт во 1977 година, озлогласениот комунистички диктатор Николае Чаушеску почна да го реконструира градот. Му требаше нешто големо, масивно и импресивно, да му докаже на својот народ дека е најдобар лидер во социјалистичкиот блок. На 25 јуни 1984 година започна изградбата на една од најбогатите згради во историјата на човештвото; Букурешкиот парламент. Таа била завршена во 1997 година. За да се изгради зградата, неколку други објекти во околината, болницата, фабриката, манастирот морале да се урнат и затоа 40.000 луѓе се преселија на други локации. На изградбата работеле помеѓу 20 и 30 илјади луѓе во три смени.

најголема зграда

Надзор врз проектот вршеле, 700 архитекти. Работниците најчесто беа војници со присилна работа, а повеќе од 3.000 луѓе за време на изградбата го изгубиле својот живот. Па сега урбаната легенда вели дека зградата е опседната со духови кои прогонуваат низ 1100 соби и сали, од кои само 30% од нив се во функција.

најголема зграда

Ноќните чувари тврдат дека “мртвите души” ја отвораат вратата, вклучуваат безбедносни камери и други слични работи кои се страшни. Под зградата има повеќе од 20 километри тајни премини и бункери. Бункерите беа наменети за владата да се сокрие од радијацијата.

најголема зграда

Разгледувањето е можно само со водичи, а турите се достапни на неколку јазици. За повеќе детали најубаво е да ја разгледате страницата на Palace of Parliament. Основната тура за околу еден час е 35 Леи по лице. Дополнително се плаќа за снимање со видео камери и професионални фото апарати. За студенти има попуст од 50%.

најголема зграда

Делови од палатата, салите и канцелариите можат да се изнајмат и се одржуваат разни настани, изложби и концерти.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!