Најчудните ресторани во светот

Секаде низ светот ќе налетате на уникатен ресторан, бар или кафуле, кој ќе ве воодушеви со својот ентериер, екстериер или услугата што ја нуди, но ние решивме ви ги претставиме најуникатните и најчудните ресторани во светот!

Ресторан Итхаа - Малдиви

Малдиви – Ithaa
Ithaa е ресторан кој се наоѓа на Малдивите, прекрасен е, интимен и се наоѓа 5 метри под површината на морето. Нуди панорамски поглед од 180 степени и живописно уживање. Има само 14 маси, изграден е од стакло и се проценува дека неговиот животен век е 20 години.
Резервации

Ресторан Нинџа - Њу Јорк

Њу Јорк – Ninja
Овој несекојдневен ресторан, секој ден станува се поинтересн за жителите на New York. Ресторанот е дизајниран како мрачен подрумски лавиринт. Освен добрата храна, интересни се келнерите кои се облечени како нинџи и изведуваат акробации. Најевтиниот оброк е 75 долари.
Резервации

Dinner in the Sky

Dinner in the Sky – ресторан кој го има во 15 држави
Имате апетит на поголема висина? Некои може се плашат од висина, а на другите им е неостварена желба да вечераат на небото. Овој концепт за прв пат се појавил во Белгија. Ресторанот користи дигалка – кран, која ве качува 45 метри од земјата заедно со масата. Поради популарноста на ресторанот денес го има во 15 држави.
Нема резервации

Ресторан Редвудс Трихаус - Нов Зеланд

Нов Зеланд – Redwoods Treehouse
Интересен ресторан, куќа на дрво, со локација во близина на градот Воркворт. Ресторанот се наоѓа на 10 метри висина, во една мала дрвена куќа. Иновативниот ресторан ќе ве заштити од ветер, дожд и олуја. Исто така, светлото се прилагодува по барање на посетителите, од јако до романтично, односно, слабо/пригушено.
Резервации

Cat Caffe Nekorobi - Јапонија

Јапонија – Cat Caffe Nekorobi
Mалку необичен ресторан, но идеален за љубителите на мачки. Уживајте во кафе или муабет со пријателите во светот на мачките. Ако вечерате во овој ресторан, ќе бидете сведок и во вечерата на мачките која им се сервира на средината од објектот.
Резервации

Ресторан Де Кас - Холандија

Холандија – De Kas
Овој ресторан е познат како „најсвеж“ ресторан во светот. За јадењата се користат плодови (намирници) кои се жнеени/берени истиот ден. Околу ресторанот имате оранжерии со билки и нива со зеленчук и овошје.
Резервации

Ресторан (О.Ноир) О.Ноер - Канада

Канада – O.NOIR – ресторан во темница
Концептот да вечерате во тотален мрак е распространет низ целиот свет, но првиот ресторан е отворен во Канада во 2006 година. Идејата на ресторанот е да уживате во храната без светла, мобилни телефони, телевизори и слично. Откако гостите ќе нарачаат храна, одат во темнa просторија, каде што вработените во ресторанот им кажуваат што и каде се наоѓа.
Резервации

Сподели го ова преку:
  • 14
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!