Куќа на духови во Италија

Од куќата на духови во Италија, се слушаат звуци од пијано иако никој не живее во неа.

вила на стравот 2

Источно од езерото, Комо во шумската планина, во близина на Милано, се наоѓа језивата Villa de Vecchi. Ја нарекуваат куќа на духови и вештерки.

Таа била изградена од грофот Felix De Vecchi, помеѓу 1854 и 1857 како негова летна резиденција, со помош на архитектот Alessandro Sidoli. Само неколку години откако е изградена, во куќата имало серија трагедии.

вила на стравот

Прво починал архитектот, една година пред да биде завршена градбата, никој незнае како. Потоа, во 1862 година, грофот ја нашол својата сопруга, брутално убиена во вилата. А неговата ќерка исчезнала. Грофот бил толку очаен што се самоубил.

Вилата ја наследил братот на грофот, чие семејство живеело таму до Втората светска војна, по што ја напуштиле. Се верува дека во дваесеттите, окултистот Алистер Кроули бил таму неколку ноќи.

вила на стравот

Прекрасната вила, е сместна во среде парк од 130.000 квадратни метри, ги менувала сопствениците до 1960 година и оттогаш никој не живее во неа.

Ќуката од тогаш е напуштена и руинирана. Се верува дека во тоа место имало оргии, жртвување на животни и луѓе, убиства, самоубиства од кои се криеле следбениците на окултистот Алистер Кроули.

вила на стравот

Во куќата имало големо пијано, кое со текот на времето се уништило, но жителите од околните села велат дека можат да слушнат звуци на пијаното иако во куќата нема никој.

Интересен факт е што во 2002 година, лавина ги уништило сите куќи кои се наоѓаат во тој дел освен оваа вила. Таа останала недопрена.

вила на стравот

Неодамна, дел од куќата се срушил, на него стоела една жена, но се уште не е споменато дали таа е жива.

Сподели го ова преку:
  • 35
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!