Ксамил во Албанија хит ова лето

Ксамил е позната албанска плажа, која е хит ова лето помеѓу македонците.

Албанија како туристичко место е актуелно веќе неколку години, особено кај нас. Но, денес плажата Ксамил е посетена од многу македонци. Но, има и зошто, оваа плажа е една од најубавите плажи во Европа. Ова мало примарско село се наоѓа во јужниот дел на Албанија, во близина на градот Саранда.

Главниот адут на ова место е преубавата бела песочна плажа и убавата чиста вода. Главна актракција се и малите остовчиња околу плажата, кои може да ги видите ако пливате до нив. Островите се мали, блиску се до плажата и немате потреба да изнајмувате чамец.

албанија

Плажата е преубаво уредена, со дрвени лежалки, сите лежалки се добро поставени и организирани, па секогаш имате чувство како на оваа плажа да нема гужва. На еден дел од плажата, можете да ги посетите и преубавите уредини барови.

Местотo е мирно, апартманите и хотелите се со многу пристојни цени, а убаво средени исто така и цените на пијалоците и храната се доста евтини, одлични за македонскиот стандарт.

Сподели го ова преку:
  • 9
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk