Креативен Белград

Креативен Белград: местата каде што со пијалоци ви се служи и уметност.

Ако сте од тој тип на луѓе каде што освен пијалок, сакате да ви се служи и уметност и ја сакате креативноста, ви нудиме прекрасни места кои вреди да ги посетите ако одите во Белград.

Престави за независноста LE STUDIO

Локација: Поенкареова бр.26

белград

Замислете да сте во кафуле, а во средината се игра интересна престава. Плус тука се вклучува и публиката. Звучи одлично? Тогаш ова е идеално место за љубителите на театарот. Додека во другите театри, глумците се на сцена и не се во контакт со публиката, тука актерите пијат пијачки со вас.

Смеа и сатира во клубот BEN AKIBA
Локација: Браче Крсмановиќ бр.6

белград

Бранислав Нушиќ нема да ве чека тука, но дефинитивно ќе се забавувате со најславните комичари што ги има Србија. Бен Акиба е замислен како стенд-клуб и бар во кој често организира вечер на црниот хумор, а микрофонот може исто така да го земе кој сака од гостите. Освен домашни комичари, тука доаѓаат комичари од цел регион, дури и од Шведска и Британија и е одлично место за љубителите на Stand Up комедијата.

Анимирани филмови и цртани во Вентил бифе

Локација: Капетан Маус бр.14

белград

Трансформатори, Храбриот мал тостер, Чудната шума, Бетмен, Нинџа желки. Сите цртани за кои се верува дека се заборавени,… тука редовно се прикажуваат секој вторник и среда.

Интерактивна поставка во ресторанот и музејот Тесла

Локација: Караџорѓева бр.21

белград

За Никола Тесла се слуша толку многу, а сепак знае толку малку. Во ова место, се нудат јадења инспирирани од животот на Тесла. Тука можете да ги пробате и омилените јадења на Тесла, особено оние со јаболка.

Подрумот на ресторанот е музеј каде што можете да се запознаете со деталите од неговиот живот со помош на мобилни апликации, како што е фактот дека Марк Твен бил негов близок пријател или дека бројот три му бил омилен. Вие ќе можете да видите и некои од неговите пронајдоци и да користите VR технологија и холограми.

Апсолутно сè во клубот ПЕТОК
Локација: Ломина бр.14

белград

Петок е најкреативниот агол на Белград. Тука можете да слушате поезија, да танцувате, да ги покажете вашите таленти, да уживате во некоја изложба, да гледате престава и сл…Тука можете да најдете актери, режисери, писатели да седнете со нив на пијачка и да разговарате. Тука се организираат и караоке журки, турнири во фудбал, вечер на комичари и хуманитарни организации.

Сподели го ова преку:
  • 11
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk