Хотел со 1000 ѕвезди!

Одмор за најхрабрите! Хотел на планина, со проѕирни спални соби направени на 400 метри висина, кои ќе ви овозможат фантастичен поглед на мистичната долина.

На 400 метри од земјата, ве чекаат фантастичен поглед, удобни кревети и гурманска вечера. Но, трикот е во тоа што, до сместувањето во хотелот на планината немате превоз.

Скајлоџ - Хотел со илјада ѕвезди

За авантуристите кои се заинтересирани да спијат во птичје гнездо или како што многумина го нарекуваат, спење на „облаците“, постои Хотел со соби, односно, минијатурни апартмани направени од транспарентни капсули на висина од 400 метри од земјата.

Скајлоџ - Хотел со илјада ѕвезди

Изработени се од многу квалитетни и отпорни материјали, така што нема да имате страв од пукање на прозорците или несреќи предизвикани од лоши временски услови.

Скајлоџ - Хотел со илјада ѕвезди

Тие се наоѓаат во близина на Куско во Перу, поранешниот главен град на Инките, исто така познат како папокот на светот, а меѓу светските патници, исто така, е познат како појдовна точка кон Мачу Пикчу.

Скајлоџ - Хотел со илјада ѕвезди

За да се одморите во капсулите Skylodge, покрај патните трошоци, потребен ви е и авантуристички дух, а помага и тоа ако не се плашите од висина.

Скајлоџ - Хотел со илјада ѕвезди

За да се наградите со погледот на мистичната долина Урубамба, позната и под името „Светата Долина на Инките“, уживајќи во гурманските вечери со вино, потоа и појадок по избор на домаќините, неопходно е да се искачите до вашето сместување, што не е лесно за почетници.

Скајлоџ - Хотел со илјада ѕвезди

Но, домаќините велат дека само една ноќ со поглед на илјадниците ѕвезди е искуство кое никогаш, но навистина, никогаш нема да го заборавите и многу вреди да се вложат напори да се посети.

Скајлоџ - Хотел со илјада ѕвезди

Според коментарите на посетителите, домаќините се исклучително трпеливи, комуникативни и забавни, а искуството „спиење во планинскиот аквариум“ го сметаат како екстремно-возбудливо искуство кое ќе ги возбудува сè додека се живи.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk