Евтин алкохол, забави и проститутки, Сончев Брег нова атракција во Европа

Европа доби нова туристичка атракција на гревот, со евтин алкохол, забави и проститутки, а таа се наоѓа во Бугарија на познатото место Сончев брег.

Англичаните се народ кој сака да ужива во алкохол, добра забава, проституција и дрога. Така што, според списанието „The Sun“, оваа година главна туристичка дестинација ќе им биде Сончев Брег, во Бугарија.

Забава - Сончев Брег - Бугарија

Во 2017 година над 200 илијади туристи од Англија, ја посетиле Бугарија, а најмногу од нив биле сместени во Сончев Брег.

Британци кои сезонски работеле на плажите, кажуваат дека тука виделе „Сѐ“, голотија на јавни места, секс на плажа и алкохолизирани лица. На Сончев брег, на плажа половина литар пиво е помалку од една фунта, а еден пар може да вечера во луксузен ресторан со шише вино за 20 фунти.

Забава - Сончев Брег - Бугарија

„Гледав луѓе кои спиеја по клубови и тоа на многу чудни места. Гледав луѓе кои кршеа шишиња и боси газеа по стакло, вели 23 годишниот Џон Магилтон.

Забава - Сончев Брег - Бугарија

„Клубот каде што работев дозволуваше луѓето голи да танцуваат качени на шанк, па истите тие знаеа и да паднат на голи на подот, но таков беше и слоганот на клубот, „Единствен клуб каде што може да танцувате голи на шанк“, навистина чудно. Неколку минути гледате нормални луѓе како се забавуваат, потоа ги гледате голи како играат на шанк. Сончев Брег е намерно изграден вака да привлекува туристи, тука имате, ноќни клубови, казина, ресторани и кафулиња, сите наредени на главната улица и клубови кои работат 24 часа со пена забави“, изјави Џон.


Ова летувалиште го посетуваат и многу проститутки кои сакаат да заработат. Проституцијата во Бугарија е легална, но се забранува во организиран облик, како на пример Бордел. Министерството за внатрешни работи ги предупреди Британците, дека ако сакаат проститутки во Бугарија, треба да внимаваат.

„Многу често ни се жалат нашите граѓани, дека кога изнајмувале проститутки во Бугарија, биле ограбувани или физички нападнати, затоа ги советуваме со проститутките да не одат на темни места. Исто така да внимаваат кога одат во стриптиз барови, често добивале превисоки сметки кои ако не ги плателе, добивале закани дека физички ќе бидат нападнати“, стои во соопштението на министерството за надворешни работи на Велика Британија.

Бугарските власти пред две години, започнаа борба против гласните алкохолизирани туристи, полицијата врши рации по клубовите и многу од нив минатата година беа затворени.

Сподели го ова преку:
  • 25
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!