Cloud 9 – Неверојатно задоволство сред океан

Cloud 9 овозможува неверојатно и незаборавно искуство за посетителите, тоа е единствениот ланџ бар во светот кој се наоѓа сред океан.

Додека храната се подготвува, гостите имаат можност да се нурнат во тиркизно сината вода на океанот или едноставно да уживаат во глетката. Овој пловен lounge bar се наоѓа на 45 минути од брегот на островот Фиџи, а до него може да се дојде со брод.

Гостите тука уживаат во специјалитетите на италијанската кујна и други кулинарски задоволства. Во прилог на одличната храна, Клауд Најн им овозможува на гостите да уживаат во разни спортови на вода и секој викенд се организираат забави на кои посебен зачин на атмосферата и додаваат разни светски Ди-Џеј имиња.

Клауд Најн има капацитет за нешто повеќе од 150 гости, а влезот е слободен за сите.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!