Подводните апартмани на хотелот Атлантис Палм во Дубаи

Хотелот Атлантис Палм во Дубаи поседува луксузни подводни апартмани кои на гостите им нудат фантастично искуство, убав поглед, романтика и удобност.

Хотелот Атлантис Палм на своите гости им ги нуди своите подводни апартмани, во кои едно ноќевање чини 6452,21 евра. Апартманите наречени Посејдон и Нептун се подводни хотелски соби кои овозможуваат поглед на аквариумот Амбасадор Лагун во кој живеат 65000 морски животни.

Бања во хотелот Атлантис Палм

Апартманите се простираат на три спрата, а нивната површина изнесува 165 квадратни метри. Поседуваат големи дневни соби, трпезарија, спални соби, соби за гледање телевизија и приватни лифтови.

Во цената е вклучен дури и сапун со парчиња од 24-каратно злато, како и батлер кој на гостите им стои на услуга 24 часа. Шефот на хотелските батлери, Динеш Рај рекол дека неодамна имал неколку чудни побарувања од гостите, меѓу кои некој човек побарал да стои камила пред хотелот само за него, која ја јавал на плажите.

Еден од гостите си заборавил златен часовник од брендот Rolex во хотелот, а кога му бил вратен, гостинот бил многу изненаден затоа што веќе го „отпишал“ тој часовник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди