Најубавите 15 места во Италија

Тешко е да се тргне наопаку кога се планира одмор или престој во Италија. Но, ако сте имале среќа да ги посетите најпопуларните туристички градови во оваа земја, како Рим, Венеција и Фиренца, треба да знаете дека има уште многу места во оваа држава со прекрасни глетки и одлична храна.

Еве 15 наши предлози кои може да ви послужат во случај да не знаете каде за престојот во Италија.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Таормина

Прекрасниот туристички град Таормина, на источниот брег на Сицилија е познат по своите места со спектакуларен поглед.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Санта Маргерита Лигуре

Санта Маргерита Лигуре, со своите плажи, претставува добра алтернатива за ултра-ексклузивниот соседен туристички град Портофино.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Форте деи Марми

Лоцирана на западната страна на Тоскана, Форте деи Марми претставува една од најпопуларните дестинации на Италијанците, кога станува збор за избор на плажа.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Алгеро

Алгеро е град на северозападниот брег на Сардинија, Италија. Опкружен со антички ѕидови, тој е познат по своето старо камено централно подрачје. Неговите каталонски готски објекти вклучуваат Катедрала ди Санта Марија, со наметлива камбанарија, Палацо Гило и Чизе ди Сан Франческо, црква од 14 век. Во близина е се наоѓаат Чиеса Сан Микеле, црква која има купола од шарени плочки и музејот Мусео дел Корало ди Алегро кој содржи црвени корални прикази.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Алба

Падините на селото Алба, кое се наоѓа во северозападниот регион на Италија, е омилена дестинација за љубителите на Тартуфи.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Капри

Малиот остров Капри во Италија на Тиренското Море, е прекрасна дестинација за еден или неколку дена патување, дури и градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио не може да одолее на шармот на Капри.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Сиракјуз

Сиракјуз – на локалното население познат како Сиракуза, е град на Сицилија со богата грчка историја, а таа најмногу доаѓа до израз кога станува збор за наследството на малиот остров Ортиџа или познат како Ортигија.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Парма

Посетата на градот Парма во Италија е задолжителна дестинација за секој кој се смета себеси за љубител на сирењето.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Болоња

Градот Болоња во Северна Италија, домот на големиот универзитет кој е исто така познат како „Црвениот Град“ – име кое го добил од бојата на средновековните градби и нивните кровови, претставува прекрасна дестинација за туристите и една од омилените на младите Италијанци.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Палермо

Најголемиот град на Сицилија, Палермо е вистинската дестинација за одлична и вкусна храна со старомоден шарм.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Салсомаџоре Терме

Салсомаџоре Терме е мал град во Централна Италија и многумина го нарекуваат „Spa City“ – познат по своите „бањи“ и велосипедската трка Џиро д’Италија која се одржува секоја година, а почнува од Модена и завршува токму овде во малото гратче Салсомаџоре.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Берналда

Градот Берналда со својот замок од норманската ера – „Castle of Bernalda“ е толку волшебен и за режисерот Френсис Форд Копола, така што, на тоа место тој го основал својот хотел Палацо Маргерита.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Торино

Торино е просперитетен град во Северна Италија и дом на бројни производители на автомобили како Фиат и Алфа Ромео, Торино претставува омилена дестинација и за љубителите на автомобилизмот.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Порто Ерколе

Малото гратче Порто Ерколе, на западниот брег на Италија е познато по легендарниот хотел „Ил Пеликано“ и вечниот дом на познатиот италијански сликар Микеланџело Мерсиј, познат по името Караваџо.

Најубавите 15 места во Италија - Readme.mk
Лече

Јужниот град Лече е познат по својата барокна архитектура која допринела да го добие прекарот “Фиренца на југот од земјата.”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

Следи нè на Фејсбук close[x]
Или почекај 180 секунди