Вања и Лука Модриќ, со прекрасен стајлинг во Лондон

Вања и Лука, блескаа од среќа, но мораме да го пофалиме и нивниот стајлинг.

На оваа свечена церемонија, друштво на фудбалерите им правеа нивните девојки и жени, се разбира тука беше и сопругата на Лука Модриќ. Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е најдобриот во светот за изминатата година, во изборот на ФИФА. Тој ја доби наградата „The Best“, во конкуренција на Кристијано Роналдо и на Мохамед Салах.

Но, за пофалба беше и нивниот стајлинг, преубавата Вања, со која Лука има три деца, не ја криеше гордоста, со тоа што нејзиниот сопруг доби толку престижна награда во Лондон.

лука

Семејството Модриќ за церемонијата, се одлучија за познатата италијанска куќа  Dolce & Gabanna. Вања се одлучи за долг црн фустан од овој моден бренд, а косата и беше пуштена.

лука

Нејзиниот сопруг, имаше необичен костум, со голем брош, дело на модната куќа Dolce & Gabanna.

Лука и Вања се запознале, во кафуле во Загреб, кога тој имал 19 години, а она 24 години. Пред да се венчаат, Лука изјавил дека таа му била најголем критичар, инаку Вања, по професија е економист.

Во брак се од 2010 година, а нивното семејно гнездо им е во Шпанија, каде што игра Лука, за познатиот клуб Real Madrid.

Сподели го ова преку:
  • 20
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk