Ова се најскапите штикли на свет

Во последно време дизајнерите се натпреваруваат,кој ќе дизајнира поскапо парче облека.

Debbie Wingham

После луксузните облеки со превисоки цени, сега се појавија и штикли со цена од која ќе ви застане здивот.

Станува збор за најскапите штикли на светот, а за нив треба да платите неверојатни 15 милиони долари. Oвие луксузни штикли имаат, ретки розеви и плави дијаманти, но и бели драгоцени камени.

Украсени се со цветови од јасмин, кожа, а во внатрешноста штиклата е проткаена со златни нитни.

штикли најскапи

Овие штикли се дело на британската дизајнерка Деби Вингам која ги руши сите рекорди на најскапи штикли на светот. Таа, исто така, од пред пет години, е рекордер на најскапиот фустан во светот со ретки црвени дијаманти. Штиклите веќе се продадени на едно семејство од Обединетите Арапски Емирати, како подарок за член од семејството.

најскап фустан

Сподели го ова преку:
  • 20
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!