Конверс ги претстави новите легендарни „Старки“ за зимскиот период!

Популарните патики „Старки“ од брендот Конверс, се еден од најлегендарните трендови на сите времиња, а популарноста им се зголемува сè повеќе уште од далечната 1917 година, кога за прв пат беа претставени пред јавноста.

Патики - Конверс - Старки

Иако првично биле наменети за кошаркарите, најбрзо го наоѓаат патот до ормарите на широката публика, а еден од најзаслужните за тоа е познатиот кошаркар Чак Тејлор по кој го добиваат истото име „Chuck Taylor All-Stars“.

Патики - Конверс - Старки

Во текот на 70-тите и 80-тите години, „Chuck Taylor All-Stars“, станаа необичен симбол на младешкиот бунт и панк-рок културата, а денес се наоѓаат во ормарот на голем број машки и женски лица, кои себе се сметаат за членови на модерната генерација.

Патики - Конверс - Старки

Но, иако многу од нив ги носат во текот на поголемиот дел од годината, факт е дека старките не беа направени за снег, студ и други неприлики што се очекуваат во следните месеци.

Патики - Конверс - Старки

Конверс ја претстави „Chuck Taylor All-Stars Waterproof Nubuck“ линијата, која ги користи сите дизајнерски насоки на толку популарните старки, со што ја трансформираат оваа патика во добра зимска чизма.

Легендарните старки кои обезбедуваат заштита од студ, снег и влага во текот на зимските месеци? Нама дилема, сега е само прашање кои варијанти ќе се најдат во нашиот дом. Претставени се во неколку бои, а сите модели се направени од издржлива и водоотпорна „Nubuck“ кожа.

Сподели го ова преку:
  • 57
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk