Ешли Грејем го прославува 30-иот роденден со нова колекција на костими за капење

Плус Сајз моделот Ешли Грејем го прослави својот роденден со своите најдобри седум пријателки во Костарика, каде во својата куќа направи фотографии за својата нова колекција на костими за капење.

 

Never not working @swimsuitsforall #agdirty30 @mrjustinervin📸

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@theashleygraham) on

Нејзината прва колекција на костими за капење „Swimsuits For All“ постигна многу голем успех. Атрактивната Ешли уште еднаш испрати порака за сите жени во светот, а порака беше јасна, жените не треба да се срамат и да ги кријат своите облини, конфекцискиот број не е важен и пресуден за добро да изгледаат на плажа.

Ешли Грејем - Есеншлс - Костими за капење

Новата колекција на костими за капење на Ешли Грејем, која се вика „Essentials“, има костими за капење за слаби и дебели жени.

Ешли Грејем - Есеншлс - Костими за капење

Посакував да се дизајнираат костими за капење во кои секоја жена би се чувствувала опуштено и секси, а таа желба ми се оствари – вели Ешли.

Сподели го ова преку:
  • 16
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!