Бренд за очила кој го освои Инстаграм преку ноќ

Ако на вашиот Инстаграм профил следите некоја од најпознатите светски модни блогерки, сигурно сте ги виделе овие очила за сонце.

Станува збор за брендот „Takesh“ сопственост на 25 годишната Ники Такеш. Слатката комбинација на „Cat Eye“ обликот и „Lolita“ срцето во различни бои е полн погодок.

 

❤️ Jadore Red on babe @lootin ❤️

A post shared by TAKESH (@takesh.eyewear) on

За да ја реализира својата идеја, на Ники и требале неколку години, односно, толку време за да собере средства. Работејќи неколку работи дневно, заштедила. „Пресреќна сум што чекав толку многу за да можам да отворам свој бизнис“, вели Ники.

 

Baby gurl @brianaandalore 💎

A post shared by TAKESH (@takesh.eyewear) on

„На крајот се исплатеше да го дочекам тој ден и сè помина супер“, вели таа. Ники преку ноќ направила „бум“ на социјалните мрежи, а не поминало ни многу време откако нејзиниот бренд станал хит и во сите познати модни магазини.

Како и да е, Ники е доказ дека страста и бизнисот се совршена комбинација.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!