Вистината за мажите

Постојат факти за машките личности кои можеби на жените нема да им се допаднат, но не значи дека не се вистинити. Машките мозоци кријат многу тајни, но без грижа, подобро е некои работи да ги знаете и во односот мудро да постапувате.

Мажите сакаат да погледнат друга жена
Повеќето од мажите неможат да се контролираат и мора еднаш, барем за момент да погледнат во убава жена која секако не сте вие. Се работи за еволуциско наследство поради кое не би требало да се лутите. За мажите тоа е природно и ако е во граница на нормалата, нема потреба да се грижите. Доколку претерува вашиот партнер, нормално треба да превземете нешто, но најдобро би било да го прифатите тоа како критика за вас.

Мажите се деца во себе
Можеби тоа на вам многу ви смета, но тие уживаат да си играат, затоа што во себе секогаш ќе бидат деца. Да земеме пример, неговата опсесија со фудбалот можеби за вас е апсолутно нејасна и непотребна, но тоа е едноставно нивниот начин на кој се справуваат со животот и стресните ситуации, во фудбалот наоѓаат мир. Имајте разбирање за мажите кои сакаат фудбал и немојте да им приговарате. Едноставно најдете го своето место во тие моменти од животот, придружете им се во гледањето и така повеќе ќе ве цени.

Мажите се перверзни
За разлика од жените, мажите секогаш мислат на секс, дури и кога ќе видат „нешто“ убаво и згодно на телевизија, можете да замислите што сè им се врти во главата и според женските стандарди, најчесто се перверзни. Во главата им се врти чиста порнографија и замислуваат навистина перверзни работи кои не ги реализираат во вистинскиот живот. Доколку сака да гледа порно филмови најдобро би било да му го дозволувате тоа и да му се придружите во гледањето, но доколку неможете тоа да го поднесете, занимавајте се со нешто друго.

Мажите се склони на лажење
На женските личности ова секако не им се допаѓа, но тоа е вистината. Секако има и такви мажи кои не го прават тоа од причина што чувствуваат срам, вина или страв. Повеќето од нив најмалку го прават тоа ако ве почитуваат пред сè како личност. Експретите од универзитетот Yale во лабораторијата за „љубовни врски“ – „The Clark Relationship Science Laboratory“ предводени од страна на „Dr. Margaret S. Clark“ објаснуваат дека тоа е чиста биологија која ги наведува мажите да замислуваат други жени. Едно истражување покажало дека повеќето мажи би се впуштиле во друга врска доколку би биле 100% сигурни дека нивната партнерка нема да ги открие. Но многу мажи, како што покажало истото истражување, никогаш не би го направиле тоа затоа што навистина ја сакаат својата партнерка.

Мажите сакаат да бидат обожувани
Ској маж сака неговата партнерка да мисли колку е тој снажен, успешен и секси. Многумина тоа никогаш не би го признале, но мислат дека се барем малку попаметни од својата нежна половина. Во тоа се крие и одговорот зошто некои жени преовладуваат со својот партнер. Не морате тоа секогаш да го правите, но

Мажите не можат да одолеат на закачкање
Нема подобро изненадување за мажите од стриптиз кој ќе му го приреди неговата драга партнерка. Тие секогаш реагираат на визуелните стимулации. Додека вие полека се „нишате“ и сензуално се ослободувате од облеката, неговиот мозок работи со брзината на светлината и со задоволство го очекува секое следно движење. Сконцентриран е исклучително на тоа колку сте вие секси. Не гледа никакви недостатоци, туку чист сексапил. Заиграјте така пред него, опуштете се и уживајте.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

error: Содржината е заклучена!