Топ 10 начини да ја привлечеш со хумор!

Прашајте било која жена, какви критериуми има таа за еден маж по нејзин вкус. И вообичаено една од првите работи што тие ја велат е „некој кој може да ме смее додека не ме заболат ребрата од смеење.“

Никогаш не треба да ја потцените потребата за смеење во вашата врска, без разлика дали се работи за прв состанок или петгодишнина од бракот.

Не ни верувате? Истражувачите од Универзитетот Стенфорд на Факултетот за медицина ја поддржуваат оваа теза по една неодамнешна студија која покажа дека жените еволуирале да го ценат хуморот а мажите да го создаваат (без притисок, момци). Сега кога знаеме дека жените навистина ги сметаат попривлечни мажите што имаат смисла за хумор – што чекате? Проверете ги нашите топ 10 совети и насмејте ја во секое време.

10. Избегнувајте фарса

Фарсата игра добра улога во филмовите. Но во реалниот живот кршењето работи и правењето нешта без намера изгледа повеќе несмасно отколку смешно.

Во раните денови на додворувањето постојат посекси начини за импресионирање на жена отколку имитирање на Mr. Bean. Затоа подобро задржете го одењето со глава во ѕид и добивањето потрес на мозокот до третиот состанок. Наместо да ја покажувате таквата ваша страна фокусирајте се на отелотворување на три работи: Бидете шармантни, харизматични и љубезни како би се осигурале дека ќе ја видите повторно.

9. Задржете го вашето смеење за нејзините шеги

Таа ужива да ве насмее исто колку што и вие уживате во тоа – така што осигурајте се дека ќе одговорите на шегите што таа ги кажува.

Можеби ќе се почувствувате забавен но обидете се да не го правите тоа преочигледно. Во ред е да се насмеете особено ако гледате дека таа ужива и вие чувствувате дека таа сака да ја споделите радоста што вие сте ја создале но осигурајте се дека го имате тоа под контрола. Ако улогите се заменети осигурајте се дека ќе се смеете на нејзините шеги. Таа ќе се чувствува убаво бидејќи успеала да ве насмее.

8. Споделувањето е грижа

Дајте ѝ до знаење дека ѝ верувате со тоа што ќе ѝ раскажете некоја смешна анегдота од вашите лични искуства.

Жените се природни споделувачи: Tие умираат да ги кажат нивните тајни, чувства и настани. Забрзајте го природното сврзување со тоа што ќе споделите некоја смешна фамилијарна приказна. Не само што инстинктивно ќе ја привлечете, туку и со фактот што споделувате интимни сеќавања ќе ја направите да се чувствува ценето, доверливо и отворено. Имајте на ум дека ова би функционирало само доколку не го направите да биде апстрактно. Исто така треба да избегнувате графички детали привремено; ова не е вистинското време да ѝ кажете дека сте имале неконтролирана дијареа на кампување со вашиот брат.

7. Испораката е сè

Ако таа не ве познава доволно, можеби нема да ја разбере вашата безизразна (нејасна) испорака – така што бидете внимателни за какви работи се шегувате.

Сув, безизразен хумор е општо добро прифатен. Но значаен дел од оваа комичност е начинот на кој ја изразуваме. Ако го испорачуваме со неверојатно духовита линија и ако сме насмеани нема да го дадеме целосниот ефект, така што осигурајте се дека ќе ги усовршите вашите фацијални вештини. Слично на ова, што и да правите не бидете безизразни во врска со нешто сериозно на комичен начин – тоа нема да биде добро прифатено.

6. Оставете добар прв впечаток

Нема ништо позасрамувачко од вистински лош прв впечаток, затоа осигурајте се дека ќе успеете да се справите со тоа пред да се обидете.

Ако вашата мајка ви кажала дека сте добри во импресионирање, не верувајте автоматски дека вие сте новиот Роби Вилијамс. Таа ве родила така што таа автоматски сака сè што вие правите се додека тоа е разумно. Но доколку вашите пријатели ви кажале дека ве бидува да имитирате други луѓе и тоа го кажале со сериозен израз на лицето, прилично е можно тоа и да е точно. Но не ги истакнувајте брзо тие работи пред неа – зачувајте ги импресиите за прашањето „Кој е твојот скриен талент?“ и бидете сигурни дека ќе измамите насмевка.

5. Бидете позитивни

Малку шегување на своја сметка може многу да направи за да измамите насмевка – сè додека останете позитивни.

Жените сакаат мажи што немаат големо его и не мислат дека во сè се најдобри. Хумор на своја сметка може да биде попривлечен бидејќи ја покажува ранливата (чувствителната) страна на човекот, нешто слично на споделување фотографии од вашиот живот. Сè додека шегата за тоа дека не сте добри за јога поради тоа што требала да дојде итна помош бидејќи не сте можеле да ја вратите ногата преку глава е смешна, не ѝ кажувајте дека не ве бидува за ништо. Постои една точка која се вика недостиг на самодоверба а таа никогаш не е секси.

4. Скромноста е доблест

Колку што жените сакаат самоуверен маж толку тие не сакаат некој кој константно е сериозен.

Не претерувајте со самоувереноста до тој степен да изгледа како самоуживање. Ако имате репутација за да бидете смел (храбар) тогаш тоа е во ред. Додека самоуверен маж е привлечен, лажлив маж со искривена смисла за право и супериорност не е. Треба да знаете дека е здодевно да слушате колку вие сте подобри од сите други.

3. Бидете оригинални

Рециклирање (прераскажување) шеги што долго време се вртеле не може да ѝ покаже колку оригинални може да бидете со малку труд.

Секој може да цитира делови од комедии или да проба да го емитува Рајан Гослинг. Тоа може да ја привлече но вие може да понудите многу повеќе од еден добро извежбан цитат. Вие сте целосно уникатни – имате искусено живот каков што нема искусено никој на оваа планета. Затоа понудете ваше гледиште на нештата вклучувајќи хумор во сето тоа. Ако помислите на нешто што вас би ве насмеало големи се шансите тоа да ја насмее и неа.

2. Смејте се на своја сметка

Дајте и на знаење дека ви е удобно да се смеете на себеси, но не одете предалеку.

Една од најпривлечните работи што може да ги направите е да ѝ покажете колку сте способни да се смеете на себеси. Кој сака да излегува со момче што сè во животот сфаќа толку сериозно? Доколку ви се истури вино на кошулата за време на првиот состанок останете смирен и само насмејте се.

1. Бидете свои

Нема потреба да смислувате ликови како би ја насмеале партнерката, барајте го хуморот во секојдневниот живот и тоа би било доволно.

Ако чувствувате притисок да бидете некој друг само за да ја забавувате, не правете го тоа. Нема никаква штета од учење нови техники за да ја насмеете, но, на крајот на краиштата, долга врска не би требало да вклучува губење на смислата за себе – така што не преземајте посебна стратегија доколку не се чувствува оригиналност. Смеењето ќе си дојде природно само од себе кога ќе најдете некој покрај кого можете да бидете.

Сподели го ова преку:
  • 5
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!