Како да одржувате љубовна врска на далечна

Кога сте во љубовна врска на далечина, тоа може да биде проблематично од повеќе причини. Со партнерот неможете да одржувате физичка врска како држење за рака, мазење, гледање тв на софата, бакнување и нормално неможете да имате секс.

Сите оние кои се во вакви љубовни врски ќе ви раскажат како е нормално да се копнее по интимноста кога сте раздвоени и дека понекогаш воопшто не е лесно тоа да се прави.
Луѓето кои се во далечна љубовна врска и сексолозите дадоа неколку совети за одржување на страстите и кога не сте физички заедно.

Прво проверете дали сте со партнерот на иста фрекфенција, односно, дали вашата врска ќе биде моногамна и ќе определи што е мамење за вас.

„За тоа како би спречиле вашиот партнер да се чувствува несигурно и да биде љубоморен, треба да разговарате околу тоа што за вас претставува измама. Одвоете време и детално разговарајте околу тоа, што дозволувате вие во врска со емоционалната и сексуалната измама. Можеби ќе бидете изненадени од тоа колку вашата дефиниција за измама може да се разликува од онаа на вашиот партнер“, советува женскиот сексолог, Назанин Моали.

Како да одржувате љубовна врска на далечна

Разговарајте околу вашите чувства, потреби и желби, а што е најважно, секогаш слушајте го вашиот партнер внимателно, и тоа, во било која мера на разговор.

„Бидете отворени. Клучот за инстимност во љубовните врски на далечина е отворената комуникација. Разговарајте околу тоа кои се најдобрите начини за одржување интимност со партнерот. Немојте да се срамите да експериментирате во интимните активности. Разговарајте за своите сексуални желби и бидете отворени за желбите на својот партнер“, рече психијатарот Џенифер Крег.

Почнете со секстинг

„За почетниците, сексуалните помагала или видеосексот може да биде премногу. Препорачувам секстинг затоа што тоа е добра активност за одржување интимност додека сте физички одвоени. Не се премногу директни за почетници и не се толку незгодни, а како изминува времето, ова секси допишување за вас ќе биде се поудобно“, рече Крег.

Создадете тајна галерија на фотографии каде што можете безбедно да зачувате секси фотографии.

„На почетокот на нашата тригодишна љубовна врска на далечина, често се допишувавме за да би можеле да ја одржуваме сексуалната искра помеѓу видувањата. Тоа воглавно беше само пишување, но како изминуваше времето, ние си разменувавме и по некоја секси фотографија која ја чувавме во нашата тајна апликација за фотоалбуми во нашите телефони“, раскажува Кејси Бримблкомб.

Како да одржувате љубовна врска на далечна

И секогаш проверувајте дали ја праќате таа секси фотографија на вистинската личност.

„Секогаш два пати проверувајте дали сте во вистинскиот телефонски разговор кога сакате да пратите провокативна и секси порака или фотографија! Еднаш погрешив. Од тогаш и по три пати проверувам на кого праќам текст или фотографија“, додаде Кејси.

Планирајте го времето кога ќе разговарате со својот партнер преку телефон или некоја интернет апликација за комуницирање.

„Важно е да го распоредите времето, за да можете вие и вашиот партнер да знаете кое е точното време, односно, тајминг за поврзување. Исто така, важно е да продолжите да го живеете својот живот и кога вашиот партнер е отсутен. Продолжете да комуницирате и да се дружите со пријателите како и претходно. Ако почнете да се откажувате од својот живот за да ја спасите вашата љубовна врска на далечина, тоа би можело да доведе до комплексирање, односно, фрустрации“, рече Моали.

Како да одржувате љубовна врска на далечна

Не заборавајте дека постојат и сексуални играчки, односно, помагала кои ви овозможуваат да имате интерактивен сексуален живот, а освен тоа, можете да се препуштите на вашите еротски фантазии. И немојте да заборавите на стариот начин, како што е праќањето писма по регуларна пошта, а не електронски пораки.

Не се потпирајте само на партнерот, погрижете се за тоа и вие да бидете вклучени.

„Ралноста на љубовната врска на далечина е дека, во поголем број на случаи вашиот партнер неможе да ги исполни сите ваши сексуални потреби. Затоа, важно е да ги земете во ваши раце исполнувањето на желби и потребите за секс, а тоа значи дека треба да научите да уживате во соло сексот, односно, самозадоволување“, рече Моали.

Исто така, таа додаде дека кога ќе се видите со партнерот, треба да ја искористите целата енергија на копнежот кој сте го чувале со месеци. Имајте романтични моменти, смешни ситуации, имајте луд секс и секако, разговарајте за сѐ она што ви недостига во таа љубовна врска на далечина.

Сподели го ова преку:
  • 37
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!