Искреноста е темел на љубовната врска

Сте имале или веќе имате проблеми со љубовната врска? Бидете свои и покажете што навистина ви е важно. Има повеќе нивоа на интимност и неморате веднаш на првиот состанок да кажете сè за себе. Но, Бидете природни и не грижете се, покажете какви сте навистина.

Повеќето од нас сонуваат или сонувале за партнер кој безусловно ќе ги сака. Но, кога треба да почнеме врска, често сакаме да го прескокнеме делот кој се однесува на запознавањето и пребргу скокаме од флерт во љубовна ромасна.

Проблемот е во тоа што ставот „да поминеме веднаш на работа“ ја прескокнува интимноста. Секако, излегувањето со луѓе може да биде застрашувачки како испит на кој не ги знаеме одговорите на прашањата: „Дали да го направиме првиот чекор?“ или „Дали е заинтересиран/а за мене?“ Но, запознавањето со вистинската љубов не треба да биде застрашкувачко.

Овие совети може да ви помогнат да ја пребродите почетната вљубеност и да ве доведат до вистинска и искрена љубов.

Заземете позитивен став

Понекогаш љубопитноста околу тоа кој е оној вистинскиот партнер за мене, толку нè отапува што едноставно забораваме да се забавуваме во негово друштво. Не гледајте на состаноците како на сретство за постигнување на целта, туку како процес во кој уживте. Вообичаено го добиваме она што го бараме, па затоа зацртајте си дека добро ќе се забавувате и најверојатно тоа ќе ви се случи.

Не чекајте партнерот прв да ве праша

Едно е да верувате во тоа дека вашиот принц на белиот коњ или вашата пепелашка е некаде тука околу вас, но нешто сосема друго е да чекате да ви се појави на врата. Сè ќе се среди кон остварување на желбите, но ако прво самите си помогнете. Наместо да чекате да бидете избрани, излезете надвор и самите избирајте (повеќе важи за женскиот пол). Нема да згрешите ако некого викнете на вечера или на кафе. А, ако тоа го направите опуштено, ни вие нема да бидете под притисок.

Пријателството нека ви биде цел

Среќните брачни двојки ќе ви кажат дека пријателството е она што ја поврзува долговечната љубов. Затоа излегува дека пријателството е најдобар начин да почнете ромасна. Но, ако ви стане јасно дека вашата љубов е повеќе платонска отколку романтична, сметајте го тоа како добра шанса подобро да го запознаете партнерот и неговиот начин на размислување. Дури и ако и не ви е сродна душа, партнерот со кој сте излегувале може да ви стане добар пријател, кој може да го повикате на пример за во кино или како придружник на свадба.

Бидете свои

Ако сакате да се прикажете во најдобро светло, тогаш неможете да го прикривате своето мислење, своето минато или она што ви се допаѓа или не ви се допаѓа. Бидете свои и покажете што навистина ви е важно. Секако, постојат повеќе нивоа на интимност и не морате веднаш на првиот состанок да кажете сè за себе. Но, бидете природни и не грижете се, покажете какви сте навистина.

Вклучете го партнерот во своето друштво

Немојте да ги претворите излегувањата во посебен дел од животот. Наместо тоа, вклопете го партнерот во својот друштвен живот како кога излегувате со пријател. Кога ќе почнете да размислувате: „морам да си најдам партнер“, својата потреба за партнер ја ставате пред сè друго. Освен тоа, може да дејствувате очајно и така да ги одбивате партнерите од себе. Немојте да избегнувате излегувања на случувања и настани кои ги вклучуваат вашите пријатели и роднини. Начинот на кој партнерот ќе комуницира со луѓето што ги сакате може многу да ви докаже за тоа каква личност всушност сте одбрале да биде покрај вас!

Бидете совесни

Кога станува збор за љубов или за правилен избор на партнер за љубовна врска, во состојба сме да се откажеме од сè на светот, но тоа го правиме кога навистина веруваме дека заедно ќе успееме во сè, но во таа ситуација можеме и многу да погрешиме. Дека го правиме вистинскиот и ефективен потег, треба да знаеме дали претходно личноста во која веруваме ни докажала дека ја заслужува нашата доверба. Затоа не брзајте во одлуките, погрешната одлука може лошо да се рефлектира. Оставете простор (но не премногу ако сте веќе во некаква врска) и добро размислете, довербата во погрешена личност може да ве одведе во погрешна насока кон патот до среќата. Затоа не верувајте на секој што ви се допаѓа, во секој случај размислувајте хипотетички (обострано) и бидете совесни, секој заслужува втора шанса, но не треба да значи дека заслужува и трета! Каква и да биде вашата одлука, треба да бидете свесни дека продолжувате понатаму.

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!