Го изгубила памтењето и повторно се заљубила во својот дечко

Вистинска љубов, една девојка го изгубила памтењето и повторно се заљубила во својот дечко

Не им се случува на сите да успеат да се заљубат и да сакаат некого со целото срце, а Џесика Шарман имала толку многу среќа што тоа и се случило два пати, два пати во ист дечко. Го запознала, потоа изгубила памтење, а по губењето на меморијата повторно се заљубила во него.

Таа има деветнаесет години и поради мозочен удар го изгубила памтењето, така што, со самото тоа го заборавила и дечкото со кој била во врска. Тие двајца биле во врска една година кога Џесика добила мозочен удар, што резултирало со губење меморија.

Џесика Шарман - Го изгубила памтењето и повторно се заљубила во својот дечко

Ги заборавила сите луѓе кои ги познавала, вклучувајќи ги фамилијата, пријателите и дечкото, Своето искуство го поделила со јавноста, раскажувала за тоа, како се чувствува многу лошо затоа што неможе да ги препознае луѓето околу себе и дека неможела да се сети на своето име. Исто така, раскажувала за тоа како нејзините родители плачеле кога не ги препознала, а нејзиниот дечко бил во слична ситуација.

По губењето на меморијата и раскажувал за некоја девојка што имала исти очи и усни како нејзините, кога таа го прашала дали некогаш му значела нешто, тој ѝ одговорил дека дури сега знае колку ја сакал, но засекогаш ќе се кае што не ги поправил своите грешки кои и не биле толку значајни, но сепак жали за тоа.

Но, за среќа Џесика додека била на терапија, повторно се заљубила во него и уште еднаш добиле шанса да ја започнат нивната љубовна врска од почеток.

Сподели го ова преку:
  • 23
  •  
  •  
  •  
грешка: Содржината е заклучена!