Торта со Бејлис

За сите љубители на Бејлис и слатки ви нудиме интересен и вкусен рецепт.

За сите љубители на торти, ви нудиме интересен и вкусен рецепт кој лесно се приготвува. Се што ви треба е малку време и желба. А вкусот е одличен и нема да зажалите.

торта

Потребни состојки:

За торта ви е потребно една кутија готова смеса за брауни, т.е смеса за чоколадна торта.

За филот ви е потребно:

140 милилитри млеко

Хопла

Какао

140 милилитри Бејлис

За преливот ви е потребно:

50 грама путер

5 лажици шеќер во прав

4 лажици какао

2 лажици Бејлис

Пола лажичка сол

Една лажичка ванила

торта

Начин на приготвување:

Загрејте ја рерната на 350º. Земете сад за печење, намачкајте го со масло за готвење. Подгответе ја смесата за торта според, упатствата на пакувањето. Истурете ја смесата и печете ја тортата. Кога ќе биде готова, извадете ја и оставете ја да се олади 10 минути.

Потоа низ цела торта направете дупки со дрвена лажица.

Откако ќе го направите тоа, време е за филот. Во длабок сад, измешајте ги сите состојки кои се потребни за филот. Со филот, пополнете ги дупките од тортата и ставете ја да се олади еден час.

Во меѓувреме, направете го преливот. Земете сад, измешајте ги сите состојки со миксер. По еден час, со преливот намачкајте ја цела торта. За декорација на крај можете да ставите и чоколадни трошки.

Целиот начин на подготовка можете да го погледнете во видеото подоле:

How To Make A Bailey's Poke Cake

Baileys fans: this boozy poke cake is your dream come true.Full recipe: http://dlsh.it/QIH1RJH

Posted by Delish on Samstag, 25. November 2017

Сподели го ова преку:
  • 7
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!