Siesta шербет од лубеница и шампањ

Интересен летен коктел кој мора да го пробате од лубеница и шампањ.

Времето е се уште жешко, па едиствен начин да се разладите е со добар коктел. Лубеницата е секогаш добар избор, за надополнување на потребната течност, а во исто време  и за засладување.

Зошто лубеницата е совршена, таа во себе има 90% вода. Покрај тоа таа нема воопшто калории, па така конзумирајте ја за појадок, ручек, вечера или ставете ја во освежителен коктел.

Ви преставуваме едно летно освежување, од лубеница и шампањ.

коктел

состојки:

лубеница

сок од лимон

2,5 дл вода

100 гр шеќер

шампањ

Подготовка:

Ставете ги во сад, сокот од лимон, водата и шеќерот и варете ги една минута. Потоа оставете да се изладат.

Потоа исечете ја лубеницата, извадете го само месото од неа, фрлете ја кората и семките. Ставете ја во блендер лубеницата.

Потоа измиксаната лубеница, ставете ја во изладениот шербет и оваа смеса ставете ја во фрижидер, но повремено мешете ја. Пред да го послужите пијалокот во овој сируп ставете и шампањ. Ако имате деца можете да им го подготвите овој коктел, само без алкохол.

Сподели го ова преку:
  • 5
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk