Рецепт за одличното Старбакс кафе со вкус на тиква

Неодоливата комбинација на кафе, млеко и сируп од тиква ќе ве воодушеват од првата голтка.

Кафе со вкус на тиква или “Spice Latte”, го прославија американскиот синџир “Старбакс”, а овој сезонски пијалок го назначува почетокот на есента, барем така е во САД. Но, бидејќи популарниот Starbucks се уште го нема во Македонија, ви го претставуваме рецептот за овој вкусен пијалок кој може да си го направите дома.
Состојки:

  • Една супена лажица сируп од тиква (можете да си го направите и сами, тиквата направите ја како пире, малку вода, цимет, шеќер и морско оревче)
  • Една супена лажица сируп од ванила (направите си го дома, сварете две лажички ванила, шеќер и вода)
  • Една чаша млеко
  • Една чаша кафе
  • Шлаг за украс

Подготовка:

Во сад со капак, додадете го млекото, сирупот од тиква и сирупот од ванила. Затворете го садот со капакот и добро промешајте додека состојките не се соединат. Потоа тргнете го капакот, ставете го садот во микробранова печка, една до две минути. Топлото млеко, ставете го во кафето, а на врвот додадете го шлагот кој може да го зачините со некој зачин, како на пример цимет.

Сподели го ова преку:
  • 12
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!