Направете сами топло чоколадо

Направете сами топло чоколадо, одличен пијалок за вас и вашето друштво.

Немора секогаш вашиот омилен пијалок да го пиете во кафуле со вашите пријатели, може да го направите и дома. Овој пијалок е идеален во зима, па затоа пробајте и викнете го друштвото.

чоколадо

Наједноставен рецепт:

Загрејте околу 150 мл млеко на средна температура, додадете темно чоколадо и продолжете со мешање се додека чоколадото не се стопи. Потоа додадете уште малку млеко и вашето топло чоколадо е готово. Ако сакате да е малку кремасто, пред да го ставите во шоља за кафе промешајте го со миксер.

Но вашето топло чоколадо може да го направите и со разни вкусови, пример…

450 мл млеко

70 грама чоколадо со 70% какао

30 грама млечно чоколадо

75 мл слатка павлака

една лажица цимет

чоколадо

Но оние кој сакаат да го сликаат своето топло чоколадо на Инстаграм и да додадете малку алкохол имаме уште еден рецепт

450 мл млеко

70 грама чоколадо со 70% какао

30 грама млечно чоколадо

30 мл виски или коњак

75 мл хопла

додадете одозгора шлаг, мачмало, чоколаден прелив и стапчиња цимет.

чоколадо

Сподели го ова преку:
  • 13
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!