Лепчиња со топено сирење

Кога немате ништо во фрижидер, лепчиња со сирење се идеално решение.

Топли сендвичи со сирење, се идеален оброк кога сте гладни, а немате ништо во во фрижидерот. Најубаво е да користите интегрален леб, освен што е поздрав има и убав вкус.

леб

Потребни состојки:

8 парчиња леб

80 грама путер

180 грама сирење

200 грама пиперка

200 грама сланина

кромид

Како се подготвуваат:

Ги миеме пиперките, чистиме и ги сечеме на тенки парчиња. Кромидот го сечеме на тенки парчиња. Исто на тенки парчиња ја сечеме и сланината. Во тавче го топиме путерот, ги пржиме кромидот и сланината. Секое парче леб, го мачкаме со растопениот путер со сланина и кромид. Одозгоре ги ставаме пиперките и со нож на секое лепче, ставаме парче сирење. Вака подготвените лепчињата, ги ставаме да се печат, во рерна на 180 степени, 10 минути.

Кога ќе ги пробате, ќе ги правите повторно и кога фрижидерот ќе ви биде полн.

Сподели го ова преку:
  • 6
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk