Како настанале шарените колачиња „Макаронс“

Иако сите мислиме дека потекнуваат од Франција, макаронс колачите настанале во Венеција, во 8 век. Во Франција дошле, кога Katarina de’ Medici му ги донела на Henriju II како подарок за нивната свадба.

макаронс
Како рецепт за прв пат е запишан во француската гастрономска енциклопедија „Larousse Gastronomique“ во 1791 година. Сестри калуѓерки, биле први кои почнале да ги печат и продаваат овие колачи. Станува збор за „Сестрите Макарон“ кој по нив го добиле и името Макаронс. На почетокот овие колачи во средината не биле полнети со ништо.

макаронс
За прв пат почнале да се полнат со мармалад или крем во 1860 година и така настанале “париските макаронс”.
Заслужен за овие макаронс бил Pierre Desfontaines.
Денешниве макаронс се состојат од :
белки од јајца, шеќер во прав, кристален шеќер, бадемово брашно, мелени бадеми и бои за храна.

макаронс
Кога станува збор за поп културата, таа многу помогна за промоција на овие колачи. Особено последните 10 години. Најмногу популарност добија со серијата „Gossip Girl“, омилилените колачи на згодната Блер и во филмот на Софи Копола омилените колачи на Марија Антоанета.

макаронс
Поради филмовите продажба на колачите скокнала 100%, особено во Кина, Јапонија и Америка. Но не чуди премногу се вкусни и одлични за фоткање.

Сподели го ова преку:
  • 17
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!