Дали сте за колач од Пиво или Пина Колада?

Денес ви одвојуваме два интересни слатки десерти со Пиво или Пина Колада.

Викенд, ретко кој може да го замисли без својот омилен алкохолен пијалок или сладок десерт. Но, што велите да ги споиме овие две неодоливи задоволства. Ако сте фан на коктелот Пина Колада или на пиво овие колачи сигурно ќе ви се допаднат. Но, не само на вам тука и на вашите пријатели, така да засукајте ги ракавите и направете нешто интерено за нив. Викенд е, плус последни денови од Светското првенство во фудбал. Финале и алкохолен десерт совршено!

Пита- колач Пина Колада

. 300 грама брашно

. 80 грама шеќер

.150 грама путер

.2 супени лажици павлака за готвење.

. малку сол

. 500 грама Ананас

.500 милилитри крем од кокос или кокосово млеко

..4 лажици рум

.10 лажици шеќер во прав

Направете тесто од брашното, шеќер, путер, павлаката и солта и оставете го да стои во фрижидер 30 минути.

Промешајте ги со ананас и шеќер во прав со кокосов крем и рум. Додадете уште 5 супени лажици шеќер во прав. Овој крем намачкајте го на тестото одозгоре, а врз него ставете цели крукчиња ананас. Питата ставете ја да се пече во рерна на 100 степени.

колаќ

Чоколаден колач од пиво

.4 јајца

.200 грама путер

300 грама шеќер

400 грама брашно

70 грама какао во прав

4 децилитри пиво

1 лажица сода бикарбона

1 лажица пециво

100 грама темно чоколадо

Измешајте го стопениот путер и шеќер додека не добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги јајцата едно по едно. Во друг сад, ставете го пивото и какаото во прав и мешајте исто додека не добиете хомогена смеса. Сето ова измешајте го со смесата од јајца, додадете го брашното и сода бикарбоната. Чоколадото исечете го на многу мали парчиња и додадете го во смесата. Оваа смеса ставете ја во калапи за мафини и печете ги околу 30 минути на 100 степени. Откако ќе бидат готови, стопете уште малку чоколадо со масло и намачкајте ги колачите.

Добар Апетит!

Сподели го ова преку:
  • 6
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk