Cheesecake со костени и чоколадо

Ви преставуваме една неодолива комбинација, на торта од костени и чоколада.

Чоколадото и путерот топете ги на пареа. Потоа постепено додајте ги жолчките и шеќерот и една лажица брашно. На крај ставете ги предходно измешаните белки. Смесата ставете ја во тркалезен калап, на хартија за печење,  во загреана рерна на 160 Целзиусови степени и печете околу 40 минути.

Поделете ги смесите во два дела. Чоколадото стопете го на пареа заедно со маскарпоне. А другата смеса е убаво изблендирани костени измешани со слатка павлака. На веќе испечената торта прво намачкајте го филот од чоколадото, а потоа со пирето од костени и павлака, вака намачкана тортата ставете ја во фрижидер, неколку часа, најубаво да стои цела вечер.

Состојки за Cheesecake ( тортата):

150 g чоколада

3 јајца

65 g путер

4 лажици шеќер (изберете поздрав вид на шеќер,како кафеавиот шеќер)

лажица брашно

Состојки за филот:

340 g маскарпоне

2 лажици шеќер

4 dl слатка павлака

150 g темно чоколадо

150 g пире од костени

Сподели го ова преку:
  • 2
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk