Зошто е опасно да се сликате правејќи го знакот „Peace“ на фотографиите

Интернет експертите предупредуваат дека поради вашата безбедност, не треба да покажувате два прста, односно, да го правите знакот за Мир – „Peace“ на фотографиите.

‘Peace’ селфи

Таквите фотографии може да станат голема опасност за вас. Во иднина одбегнувајте ја таа поза кога се сликате. Според експертите за криминалистика, крадците со помош на таквите фотографии, може да го скенираат отисокот од вашите прсти и со тоа да го украдат вашиот интетитет.

Многу камери на смартфонот сликаат фотографии со висока резолуција, со тоа што хакерите многу лесно може да го копираат вашиот отисок и да го злоупотребат. Ова сценарио може да се случува многу често во иднина.

Истажувачи од Јапонија од националниот институт (NII), го потврдиле овој метод, со тоа што го скенирале отисок на германскиот министерот за одбрана, „Ursule von der Leyen“, во 2014 година.

Сега, кога многу важни податоци се заштитени со помош на отисок наместо лозинка, овој вид на технологија може да направи многу повеќе штета отколку корист во иднина.

Сподели го ова преку:
  • 13
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!