Знаете ли колку лажички шеќер има во продуктите кои секојдневно ги конзумирате?

Сите знаеме дека чоколадата, слатките, газираните пијалоци имаат шеќери, но дали знаете колку лажички шеќер има во вашите омилени продукти?

шеќер

Многу често знаеме да купиме нешто благо за енергија, но дали знаете дека шеќерот не ви дава енергија туку напротив, шеќерот му штети на вашето тело. Прекумерно внесување на шеќер не само што, не е добro за вашата фигура, туку и за вашето здравје. Затоа многу доктори, ве предупредуваат да намалите со конзумација на шеќер.

Препорачаната дневна доза на шеќер е 13 лажички дневно, што може да звучи многу. Но кога ќе ви кажеме колку шеќери внесувате преку вашите омилени продукти ќе останете шокирани и сигурно ќе го смените ставот кон овој јагленихидрат.

шеќер

Еве колку лажички шеќер има во fast food продуктите, а колку во овошјето: 

Лименка Кока Кола, има 8,25 лажички шеќер

Лименка RED BULL, има 6,9 лажички шеќер

Корнфлекс, има 2,4 лажички шеќер

Мафин од чоколадо, има 4,75 лажички шеќер

Чоколадата SNICKERS, има 6,75 лажички шеќер

Чоколадата MILKY WAY, има 8,75 лажички шеќер

Чоколадата TWIX, има 6 лажички шеќер

Пакетче бомбони M&M (47.9 грама) има 7,5 лажички шеќер

овошје

100 грама овошје содржи…

Банана има 3 лажички шеќер

Јаболка има 2,6 лажички шеќер

Лимон има 0,6 лажички шеќер

Јагоди има 1,3 лажички шеќер

Праски има 2,3 лажички шеќер

Сподели го ова преку:
  • 20
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!