Zippo го слави 85-иот роденден!

Zippo е повеќе од една запалка, тој е статусен предмет кој направи култ кај обожавателите.

Zippo - Запалка

Историјата за „Zippo“ датира од 1930 година, кога основачот „George G. Blaisdell“ од Пенсилванија, сфатил дека на пазарот не постои запалка со механизам за лесно полнење.

Zippo - Запалка

Тогаш тој одлучил да ја ре-дизајнира веќе постоечката австриската запалка. Така настанал првиот „Zippo“, кој не се разликувал многу од денешниот. Интересно што „Blaisdell“, уште тогаш, најавил дека запалката ќе има беспрекорна издржливост и се продавала за 1,99 долари со доживотна гаранција.

 
До денес, „Zippo“ постои 85 години и има продадено над 550 милиони запалки. Брендот изгради култен статус и е една од петте работи кои секој маж треба да ги има во себе. Не мора да ја имате баш запалката која е направена за нивниот 85 роденден, бидејќи чини 120 долари. Но, имате и запалки од 30 долари па нагоре, а изборот е голем. Па затоа нема оправдување зашто би немале еден примерок во себе, без разлика дали сте пушач или не.

Сподели го ова преку:
  • 8
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk