Запознајте го најмалото бебе на светот

Родена е четири месеци порано и таа е најмалото бебе на светот.

бебе

Родена со само 21 недела и четири дена, е најмалото бебе на светот, тежела само 400 грама. Лекарите тврделе дека не можат многу да направат, но нејзината мајка, се сеќава, дека чувствувала во своето срце дека нејзиното мало девојче ќе преживее.

Кортни Стендруд, мајката на бебето доживеала предвремено породување, поради предвремено раскинување на мембраната и бактериска инфекција хориоамнионитис. За бебиња кои се родени пред 22 недела шансите да преживеат се многу мали. Но, на докторите им паднало жал за мајката и решиле да се борат за бебето. Откако го вратиле пулсот на срцето и постепено давање кислород преку цевка, нејзината сина боја постепено почна да станува розова, а потоа и официјално оживеала. Беше толку мала, што кога имала три недели прстенот на мајката и бил околу нејзината рака.

бебе

Четири месеци била на интензивната нега и конечно бебето било пуштено дома. Денес има три години, а лекарите веруваат дека таа е најрано родено во историјата. Д-р Каашиф Ахмад, неонатолог, изјави за CNN, дека мајките треба да бидат многу внимателни, дека може ова да е едиствен случај каде што бебето преживува. Кашиф објаснува дека бебињата родени на возраст под 22 недела “не се доволно развиени за да преживеат”, па дури и ако преживеат, на нив им се заканува да имаат развојни проблеми, но исто така и долгорочни здравствени проблеми како церебрална парализа, слепило или тешкотии во пешачењето. За среќа, ќерката на Стендруд нема развиено ниту еден од овие проблеми и се развива еднакво како и другите здрави деца.

бебе
Мајката прави чуда и со оваа приказна сакам да им дадам надеж на сите мајки на светот. Ризикот врдеше, мојата ќерка денес е здрава и жива. Затоа ја викам моето „мало чудо“

Сподели го ова преку:
  • 47
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!