За љубителите на Инстаграм е отворен музеј во Виена и нуди сѐ за совршено селфи

Во Виена е отворен музеј за љубителите на Инстаграм со креативни и занимливи интерактивни простории во кои може да се направи одлична фотографија.

Просторот во овој музеј исполнет со обоени ѕидови, огромни предмети и реквизити има сѐ што е потребно за совршено селфи.

Нофилтер Музеј - Виена

„Бројот на млади луѓе кои го посетуваат музејот опаѓа, поради тоа се трудиме да се избориме со друштвените мрежи. Тие повеќе сакаат да живеат он-лајн отколку да бидат во интеракција со реалниот свет, така што многу вложуваме во креативноста за да ги задржиме посетителите на едно задоволително ниво“, рече Петра Шерингер, една од креаторите на музејот кој го носи името „Но Филтер Музеј“. За да го следите официјалниот профил на музејот преку инстаграм, клинкете на следниот линк: Nofilter_museum

Нофилтер Музеј - Виена

Во музејот во Виена, додаде Шерингер, луѓето навистина многу се забавуваат покрај сите достапни експонати.

На посетителите им се достапни 24 соби во кои можат да се фотографираат пред различни ѕидови кои можат да се спојат со нивните комбинации на облеката и стајлингот. За совршено селфи тука се и топките во различни бои, цветните ѕидови како и светкави конфети. Дури една соба е исполнета со лажна храна, како што се колачиња и тестенини.

Нофилтер Музеј - Виена

Но Филтер музејот се придружува на многубројни места ширум светот кои таргетираат „тешка категорија“ на корисници од социјалните медиуми. Исто така, бројни инфлуенсери се заинтересирани да го посетат „музејот на инстаграм“ во Виена.

Нофилтер Музеј - Виена

Меѓутоа, идејата за привлекување инфлуенсери се смета за контроверзна, поради тоа што популарните инфлуенсери често се во блиски односи со брендовите кои ги претставуваат.

Нофилтер Музеј - Виена

„Мислам дека вакви музеи се иднината. Важно е да се истакне дека не служат само за селфи, туку и за добро поминато време во нив. Луѓето поминуваат премногу време на мобилните телефони и поради тоа се трудиме да го комбинираме он-лајн светот со нешто што е реално и забавно. Целта е да се биде во интеракција додека ја истражувате уметноста“. истакна Шерингер.

Но Филтер музејот има намера да се прошири и во други градови доколку создаде позитивен ефект во австриската престолнина.

Сподели го ова преку:
  • 10
  •  
  •  
  •  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заклучена!