Возач во Англија покажал возачка дозвола од Хомер Симпсон

Познато е дека америкаснката анимирана тв-серија, е „обележана“ со глупавите и смешни постапки на главниот лик Хомер Симпсон. Меѓутоа, тие постапки ги надминал еден возач во Англија, кој наместо својата возачка дозвола, ја покажал возачката на Хомер Симпсон.

Интересна случка и несекојдневна му се случила на еден полицаец. Тој при редовна конторла, добил возачка од Хомер, со неговата дата на раѓање, неговата адреса во Спрингфилд, како и неговиот потпис и лик.

Овој интересен настан се случил во градот Темза, во Англија. Во овој град, секојдневно се врши редовна контрола врз возачите и полицијата им бара докумнти, како што се возачка дозвола и сообраќајна.
 
Еден ден, застанале еден интересен лик, кој од својот паричник, извлекол возачка дозвола на Хомер Симпсон и им ја дал на полицајците. Нормално, незнаеле како да реагираат, па сфатиле дека ова мора да оди на социјалните мрежи, па еден од полицајците ја сликал возачката и ја ставил на својот Твитер профил. Тој под сликата напишал дека возачот возел без соодветна возачка дозвола и потребни документи.

Сподели го ова преку:
  • 17
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!