Во Србија во Зајечар ако ви плаче бебето треба да платите 8000 динари

Ако бебиња или деца прават галама, во стан или во двор, родителите треба да платат 8000 динари.

зајечар

Во градот Зајечар, општината покренала иницијатива да се донесат правила кои се очекува да бидат усвоени. Една од правилата гласи, дека ако вашето дете или бебе прави галама вие како родители треба да и платите на општината 8000 динари. Но, тоа не е се има уште неколку премногу ригорозни правила,кои ако не ги почитувате ќе бидете парично казнети. Пример 8000 динари е и казна, ако тресете од балкон. Исто така парично ќе бидат казнети и тие што пушат во зграда или по лифтови.

Друга казна е за тоа што можете да имате на вашите балкони, не смеете да имате нешто што ќе го направи градот да изгледа грд, на пример на балкон не смеете да чувате бела техника, велосипед и стар мебел.

велосипеди

Забрането е и да ги чувате вашите велосипеди во ходникот на зградата, пред вратата може да имате само чергиче за пред врата.

Ова се разбира, ги шокираше жителите на градот бидејќки казните се премногу строги. Тие мислат дека градот повеќе треба да казнува за хигиена и за галама на луѓе кои пуштаат гласна музика или за станари кои се многу бучни и секојдневно се караат, а не за мали деца.

Кој е вашиот став?

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!