Во некои држави Божиќ е забранет со закон

Додека сите украсуваме по дома и се подготвуваме за празниците, во некои земји Божиќ е забранет со закон.

дедо мраз

Во три земји во светот Божиќ е забранет со закон. Така да ако некогаш се наоѓате тука и пеете Божиќни песни може да бидете казнети со парична казна од 20 000 долари до 5 години затвор. Страшно нели? Еве за кои земји станува збор:

Таџикистан

Во Централна Азија, Таџикистан, Божиќ беше забранет од страна на Министерството за образование. Уште од 2013 година, го забранија ликот на Дедо Мраз. Во 2017 година донесоа уште неколку забрани, така да не смеете да палите огномет, петарди, подарувања и собирање донации. Сето ова е строго казниво со закон.

Сомалија

Во федералната држава Сомалија, која се наоѓа источно од Азија, исто така постои забрана за прославување на Божиќ. Причината е дека таквата традиција, преставува опасност за муслиманската вера.  “Не е во ред да го славиме Божиќ. Тоа е закана за нашата религија и може да ги сврти верниците од вистинскиот пат “, велат од Министерството за правда и религија.

Брунеи

Во Брунеи , во Југоисточна Азија, Божиќ е исто така голема закана за муслиманското религија- затоа е забрането! Божиќното украсување и пеењето на Божиќните песни се казнуваат со парична казна од 20.000 долари и до пет години затвор.

Сподели го ова преку:
  • 15
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk