Во Финска новороденчињата спијат во картонска кутија

Во Финска новороденчињата спијат во картонска кутија, а тоа е добро за нивното здравје.
бебе

Можеби мислите дека спиењето на бебе во картонска кутија може да биде лошо, но напротив тоа е многу позитивно. Во Финска бебињата спијат во картонски кутии, а со тоа имаат најмала смртност на бебиња во светот. Синдромот на ненадејна смрт на новороденчињата (SIDS) е намалена поради тоа што нема перници, играчки и спијат на цврста површина. Освен тоа ова не се само обични картонски кутии и служат само за спиење, тие се многу повеќе од тоа.

бебе

Финска, на сите мајки откако ќе се породат им испраќа картонска кутија, која е полна со сите неопходни работи кои му се потребни на бебето додека да наполни една година. Оваа традиција ја имаат повеќе од 30 години, а главната цел е сите деца да се исти. Кутијата има, облека, вреќа за спиење, ќебиња, пелени, чешел, топломер, четки за заби, играчки и сл. Исто така мајките имаат опција, ако не ја сакаат кутијата државата ќе им исплати 150 долари на сметка, но кутија вреди многу повеќе па ретко кој ги зима парите.

Нашиот став е дека, не би било лошо и кај нас да се воведат овие картонски кутии…

Сподели го ова преку:
  •  
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!