Висината на платата и ризик за самоубиство

Ниска плата, богати газди, ризик за самоубиство? Истражувањето за ризик за самоубиство е направено во САД, во Универзитетот во Северна Каролина.

Универзитетот во Северна Каролина направи истражување, со кое им сугерира на работодавците да ја зголемат минималната плата, а со тоа ќе го намалат и бројот на самоубиства.

Истражувањето е направено во сите 50 држави во САД, во период од 2006 до 2016 година, во кое сугерираат дека зголемувањето на минималната плата, односно, зголемување на барем еден долар од час, ризикот на самоубиства ќе се намали на 2%.

Несреќен човек на работа

Како што пишува, американскиот весник „Journal of Preventive Medicinе“, во текот на истражувањето во САД имало 430 000 самоубиства.

Финансиските проблеми се еден од водечките фактори, зошто луѓето извршуваат самоубиства, се нагласува во истражувањето.

Сподели го ова преку:
  • 2
  • 1
  •  
error: Содржината е заклучена!