Овие ѕвезди ги прекинаа своите концерти да спасат девојки од сексуално вознемирување

Овие ѕвезди, покажаа дека и тие се обични луѓе и ја враќаат довербата кај луѓето, тие ги прекинуваат своите концерти да спасат девојки од сексуално вознемирување.

публика

Актуелен денес е Дрејк, кој цел свет го збори, бидејќи го прекина својот концерт да ги спаси девојките од манијак. „Ако не претанеш да ги фаќаш девојките ќе те скршам од тепање“ беше неговиот коментар.

Но не е само Дрејк херој на денот, има и неколку други музички ѕвезди кои предходно го направија истото. Со ова, овие ѕвезди ја враќаат довербата кај луѓето, а ние ги сакаме уште повеќе. Еве дел од нив:

Пакистанскиот пејач Атиф Аслам ги освои сите пофалби откако го прекина концертот во Карачи, за да спаси девојка од публиката која беше малтретирана.

Сем Картер, фронтменот на метал бендот „Architects“ го прекина својот концерт во Холандија за да објасни нешто што не му се допаѓа. „Видов девојка која ја вртевте во круг во близина на сцената, тоа нема да го коментирам, но тоа што ја фаќате за нејзините гради е гадно, тоа не е ваше тело“

Фронтменот на групата „Staind“ го запре својот концерт, бидејќи ги видел посетителите, дека допирале тинејџерка за нејзните гради. „Таа има само 15 години, дали сте вие нормални, треба да ве научат лекција сите што се во публика“ беше неговиот коментар.

Британскиот рапер Лојл Карнер, го прекинал својот концерт и кажал дека никогаш на своите концерти нема да толерира сексуално вознемирање, откако видел како девојка ја допирале за нејзините гради. Тој нареди на своето обезбедување, манијакот да го исфрлат надвор.

Сподели го ова преку:
  • 29
  •  
  •  
  •  
error: Содржината е заклучена!
Inline
Readme.mk
Inline
Readme.mk